Вака почнува, и завршува раскинувањето

Една од најсилните физички болки сигурно е кога на врската со човекот што го сакате и понатаму и доаѓа крајот.

Не болат само губењето на саканиот и физичката разделеност, туку и тоа што сме повредени како личност. Во таквата ситуација, секоја од нас поминува низ овие шест фази.

Ова се фазите по раскинувањето...

1. фаза: Шок

Без оглед на тоа дали крајот на врската дошол изненадно или тоа е само очекуван резултат на долготрајно измачување, кога раскинувањето навистина ќе дојде, ние сме шокирани. Се чувствуваме како да не погодил гром, збунети сме и затекнати. Често не можеме ни да јадеме ни да спиеме. Оваа состојба на чувствителност на душата може да потрае неколку дена или дури и неколку недели.

2. фаза: Тага

Не разорува чувството на губиток и на грижа. Се потсетуваме на партнерот, размислуваме како да дојдеме со смирување, а бидејќи тоа не е возможно, тоа може да не фрли во депресија и безнадежност. Ако од оваа фаза не можете да излезете ни по еден месец, морате да побарате помош од психолог.

3. фаза: Чувство на вина

По првиот налет на болка, за да го отргнеме од себе чувството на вина, го обвинуваме лицето што не напуштило или некое друго за раскинувањето на врската. Тогаш може да се појават сосема спротивни чувства.

4. фаза: Одрекување

Многумина никогаш не ја достасуваат оваа фаза. Тие од ништо не се откажуваат барајќи другите да сфатат дека врската е готова.

5. фаза: Реорганизација

Повторно почнуваме да го живееме својот живот. Бараме нови пријатели, развиваме интереси за нова работа или хоби.

6. фаза: Ослободување

Почнува нов живот. Конфликтите се надвладеани и го вративме сопствениот мир. Повторно почнуваме да чувствуваме. Ова е време кога сме способни да побараме нов партнер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари