Интересно толкување за здравствената состојба

Усните ви кажуваат какво ви е здравјето

Источната народна медицина има исклучително интересно толкување за здравствената состојба на еден човек токму според бојата на неговите усни. Погледнете се во огледало и дознајте што ви порачува вашиот организам!

Усните треба природно да имаат розова до темнорозова боја, а сите останати нијанси говорат за одредени тегоби во телото. 

1. Бледорозови

Ако усните се бледи, речиси во бојата на кожата, тоа е знак број еден за анемичност. Во тој случај на вашиот организам најверојатно му недостигаат црвени крвни зрнца и хемоглобин.

2. Интензивно црвени

Ако усните имаат многу интензивна црвена боја, од онаа којашто е вообичаена за усните, тоа значи дека организмот се загрева премногу и дека црниот дроб работи "прекувремено". Црниот дроб е "тивок орган", па не чекајте да дојде до нешто такво, туку веднаш испитајте дали е се во ред со него.

3. Виолетовозелени

Не е невообичаено за и кај една здрава личност усните повремено да имаат токму ваква боја во текот на зимските денови, но ако постојано изгледаат така, тогаш тоа укажува на проблеми со срцето и белите дробови.

4. Темновиолетови

Кога усните имаат ваква боја, тоа значи дека нешто не е во ред со органите за варење, па советот во тој случај е да престанете со брзата храна.

5.Темновиолетови рабови

Ако се само рабовите на усните во ваква боја, тоа значи дека во вашиот организам постои нерамнотежа на јинот и јангот, па може да ви се случи одреден момент да ви е ладно, за веднаш потоа да ви стане жешко. Во тој случај, добро одморете се, хранете се квалитетно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари