Истражувачите со интересна теорија:

Учете за да не бидете депресивни!

Колку човекот е пообразуван, толку помала е веројатноста од депресија, се вели во годишниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој, пренесува Франс прес.

Колку човекот е пообразуван, толку помала е веројатноста од депресија, се вели во годишниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој, пренесува Франс прес.

Причината за ова е дека луѓето со повисоки квалификации се со подобри шанси да бидат вработени и да добиваат повисоки плати, а тоа ја намалува анксиозноста. Повеќе образованите се со пониско ниво на болести и се со поголема должина на животот, се истакнува во извештајот.

Заклучоците се врз основа на размер во здравствено истражување, извршено преку интервјуа во голем број европски земји во 2014 година Резултатите од него беа објавени оваа година.

Тие откриваат дека 8% од луѓето на возраст меѓу 25 и 64 години во овие земји страдале од депресија во 12-те месеци пред анкетата. Зачестеноста на случаите на депресија варира во зависност од нивото на образованието.

Процентот на депресивните е два пати поголем кај возрасните кои не се положиле матурски испит, во споредба со оние кои имаат диплома за високо образование.

Поврзани

Најнови вести

Коментари