Научно докажано:

Трчајте, трчањето го продолжува животот

Научниците од Универзитетот на Ајова тврдат дека еден час трчање го продолжува животот за седум часа, без разлика на брзината на трчање и изминатите километри.

Научниците дошле до заклучок дека кај луѓето кои се занимаваат со трчање, без разлика на темпото или поминатата километража, имало намалување на ризикот од прерана смрт.

Исто така, било откриено дека кај луѓето кои само што почнале да се занимаваат со трчање, смртноста била намалена за 16 отсто, а ризикот од кардиоваскуларни болести бил намален за 25 проценти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари