Хорор

Тинејџерка напишала на Фејсбук „Мамо те сакам“ па ја убила и ја запалила куќата

Тинејџерка ја застрелала својата мајка во глава, а потоа ја запалила семејната куќа во обид да го прикрие злосторството, тврди полиција од Илиноис. 

Тинејџерка ја застрелала својата мајка во глава, а потоа ја запалила семејната куќа во обид да го прикрие злосторството, тврди полиција од Илиноис. 

Ана Ш. (15) чекала нејзината мајка Пеги (53) за да дојде од работа, а потоа со истрел од револвер ја убил. Другарката се обидела да и помогне во прикривањето на злосторството, а девојката на Фејсбук потоа и напишала статус посветен на мајката.

Не знам дали можеш сега да ме видиш, но ако можеш, сакам да ти кажам дека секогаш си ми била најдобар пријател. Има многу работи што сакав да ти ги кажам или направам со тебе. Не бев секогаш најдобра ќерка и поради тоа ми е жал. Мамо те сакам, сакам тоа да го знаеш и никогаш нема да те заборавам, напишала тинејџерката на Фејсбук.

Според зборовите на инспекторот, Ана на својата мајка и рекла да стави пешкир преку лицето, по што ја застрелала. Потоа и испратила порака на пријателката Рејчел на која и го признала злосторството. Таа не и поверувала, па девојчето и испратило слика од убиената мајка за да се увери.

Рејчел тогаш дошла кај Ана за да и помогне во прикривањето на злосторството. Ја исчистиле крвта, а телото го преместиле во соба и го покриле со чаршави. Ден потоа одлучиле да побегнат. Запалиле оган во куќата за да ги уништат сите докази. Ана отишла кај таткото, а Рејчел во својот дом.

Огнот го изгаснал пожарникар кој не бил на должност, но поминувал покрај куќата кога видел чад. Рејчел набрзо потоа се и раскажала на својата мајка. По Ана дошла полицијата и таа се признала.

Двете девојчиња ќе се појават на суд на почетокот на август. Засега не е познато што Ана ја натерало на овој чин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари