Taа е чудо! Погледнете 30 практични примени на сода бикарбона

Таа е чудо! Се користи за толку многу намени што заборавате заради што, всушност, сте ја купиле. Сода бикарбона, може да се користи за лекување, чистење, готвење, надградба, одржување во домот... и многу повеќе. Ова се најмалку 30 намени.

1. Направете биопрашак-печење, така што ќе се измешате 2 дела од вински камен, 1 дел сода бикарбона и 1 дел пченкарно брашно. Освен за исхрана, овој прашок за пециво можете да го користите за чистење на домот. Тоа е одлично сретство за отстранување на дамки од кафе или чај, а не ја оштетува бојата на ткаенината.

2. Сода бикарбона може да се употреби како помош при пожари предизвикани од горење масти, дрво, ткаенина, или електрични кабли - кога содата ќе ја истурите на оган.

3. Потопете овошје и зеленчук во мешавина на сода бикарбона и вода. Содата ќе ја омекне водата со која добро ќе го измиете овошјето. Ќе забележите по миењето на овошјето и зеленчукот дека тоа почнува да "шкрипи" во вашите раце, што е знак за чистота. Потоа, исплакнете ги со обична вода.

4. Во канта или кеса за ѓубре истурете малку сода бикарбона пред да го ставите ѓубрето во една кесата. Тоа ќе помогне да се отстрани мирисот.

5. Навлажнете крпа пелени во мешавина од вода и сода бикарбона пред миење во машина за перење.

6. Дамки од масло и масти ќе ги отстраните од облеката, ако додадете сода бикарбона при миење со вода.

7. При чистење на фрижидерот и замрзнувачот, така што со влажна крпа со сода бикарбона ја бришете површината. Потоа, површината исплакнете ја со обична вода. Во ладилникот и замрзнувачот нема да има непријатен мирис, ако во него се држи отворен сад со сода бикарбона, притоа неопходна е повремено да се промешува. Заменете ја со нова сода секои два месеци.

8. Сода совршено елиминира мириси од мачки. На дното од кутијата каде мачките вршат измет ставете сода која се покрива со три пати поголема површина со песок за мачки.

9. Во машината за перење секогаш додадете половина чаша сода. Еднаш на секои неколку месеци во вашата маѓина за перење алишта ставете сода бикарбона со лимонтус, и пуштете ја да работи на празно. Ќе се изненадите како ги отстранува миризбите и каменецот.

10. Чешлите и четките се лесно се чистат со смеса од вода и сода. Ставете топла вода во садот, додадете 1 лажичка шампон и половина чаша сода бикарбона. Потопете ја четката половина час, исплакнете ја потоа со топла вода и избришете ја со сува крпа. Оваа мешавина ќе им даде чистота и свеж мирис.

11. Садови за храна и пијалок се мијат во сода вода.

12. Плочките во кујна и купатило беспрекорно се чистат со сода бикарбона и сок од лимон. Топла вода ќе ја омекне маснотијата и нечистотијата на плочките, а потоа се употребува подготвената смеса од сода бикарбона и сок од лимон, по што на крајот исплакнете ја површината со вода и избришете ја со сува крпа.

13. Измијте мермерна површина со смеса од 3 лажици сода во еден литар топла вода. Дозволете десет минути да легнат и да се создаде смесата, а потоа исплакнете ја површината со обична вода. Пластичните столици и маси можете да ги одржувате на сличен начин, со користење на влажен сунѓер со сода бикарбона. За да го отстраните тешки дамки направете густа паста на сода и вода, избришете ја пластиката добро, и по петанесеттина минути исплакнте со чиста вода.

14. Застоена миризба во термос шишиња ќе ја отстраните мешавина на сода и вода.

15. Стаклото и нерѓосувачкиот челик од садовите за кафе (не алуминиумски!) измијте ги со смеса од 3 лажици сода во литар топла вода. Ова може да се примени и за машините за филтер кафе.

16. Бебешките шишиња одлично ќе се мијат со сода бикарбона растворена во жешка вода, што е хигиенска, здрава и едноставна постапка.

17. Чистењето на скара е терор, но може да биде лесно ако решетките се мијат со сода бикарбона. Врз површината на скарата посипете сода, оставете да делува барем еден час, и потоа исплакнете ја со вода.

18. Масни подови во гаража и работилница... посипете ги со сода бикарбона, оставете таа да се измеша со маснотиите барем час-два, а потоа со џогер исчитете го подот.

19. За да го отстраните загорена храна од садовите, во нив ставете раствор од сода бикарбона и вода барем десет минути пред перење во машина. Ако е навистина критично, пред ставање во машина или и без машинско перење, исчистете ги со рака употребувајќи тврд сунѓер или мека жица за чистење садови. Со густа смеса, паста, од сода бикарбона и вода чистете го тостерот и микробрановите печки.

20. Мирисот од пепелникот се отстранува со мешавина на сода и вода. Посипете малку сода бикарбона во пепелникот за да се отстрани мирисот на чад и изгаснат пикавците.

21. Бања, туш, мијалник и тоалет... се чистат со влажна крпа на која има сода бикарбона. Во ВЦ шољите и одводот на мијланиците секоја недела истурете 4 лажици сода и за да бидат чисти, за да нема смрдеа и непријатни испарувања.

22. Рацете ви мирисаат на храна. За да го отстраните тој силен мирис, намачкајте ги рацете, тријте ги благо со бикарбона, и исплакнете ги со вода.

23. Можете слободно, безбедно и ефикасно да ги миете забите и непцата со влажна четка за заби на која ќе ставите сода бикарбона. Скапите пасти за заби, во суштина, се темелат на сода бикарбона во својата содржина.

24. Да се отстрани мирисот на чевли - патики, чизми, чевли, влечки... туак е сода бикарбона.

25. За да го решите осипот од пелени, додадете 2 лажички сода бикарбона во вода за капење на бебето.

26. Ве убол комарец, пчела, имате црвенило, чешање... изгореници од медуза и коприва... проблемот ефикасно ќе се реши ако на местото нанесете паста, густа мешавина на вода и сода бикарбона

27. Ова ви е познато, но да ве потсетиме. Имате киселини, гасови и грчеви во стокмакот заради тешкотии во желудникот. Една мала лажичка сода бикарбона, барем половина чаша вода и самите ќе го видите резултатот

28. Сода бикарбона може да се користи и како ефикасен дезодоранс - се нафрла под пазувите кога сте испотени и ќе го отстрани непријатниот мирис на пот.

29. Сода бикарбона спречува лепење на пареа врз стаклото. Ставете сода бикарбона на влажна крпа, избришете ја шофершајбната од двете страни и ќе го видите резултатот.

30. Еден стар рецепт за отстранување на сите траги од нечистотии и миризби од тепих со попрскување на сода бикарбона. Ако ви се истурила течност, милениците по дома решиле тука да вршат нужда, или тепихот ви мириса на прашина и влага... испрскајте сода бикарбона врз него навечер, оставете до изутрина, а потоа со правозмукалка исчитете го тепихот. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари