Светско „лудило“ по напиток што речиси секој од нас го има во кујната

Нов рецепт за таканаречено суперкафе бил пребаруван на социјалната мрежа „Пинтерест“ дури за 218 отсто повеќе во споредба со минатата година. Имено, доколку го внесете зборот „суперкафе“ во пребарувањето на „Пинтерест“ ќе најдете многу рецепти кои предлагаат во вашиот омилен топол пијалок да додадете некоја дополнителна намирница.

За што всушност се работи? Ако може да им верува на новите трендсетери и сладокусци, веќе не е доволно да се пие „обично“ кафе, туку истото мора да се подобри и „надгради“.

Едноставно речено, ова значи дека вкусот на кафе е пожелно да се „збогати“ со вкус на кокосов шеќер, куркума или некој протеински прашок.

Од сите понудени додатоци, веројатно најдобра опција е да се одбере куркума, која е полна со антиоксиданти и го намалува нивото на шеќер во крвта, има антиинфламаторно дејство и помага во борбата против депресија.

Доколку пак не пиете кафе, напиток од куркума можете да подготвите така што ќе загреете бадемово млеко, на кое ќе додадете малку куркума, цимет и ѓумбир и, доколку сметате дека е потребно, можете да засладите со мед.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари