Рецепт за добра линија:

Стар тибетски лек – еликсир на младоста

Рецептот за овој тибетски лек е пронајден во стар тибетски манастир, испишан на глинени плочи. Се претпоставува дека е запишан пред повеќе од 2000 години, а се користи против триглицериди, холестерол и масни наслаги на крвните садови, како и за долг живот.

Рецептот за овој тибетски лек е пронајден во стар тибетски манастир, испишан на глинени плочи. Се претпоставува дека е запишан пред повеќе од 2000 години, а се користи против триглицериди, холестерол и масни наслаги на крвните садови, како и за долг живот.

Освен што успешно ги чисти крвните садови, овој стар тибетски лек ја подобрува еластичноста на крвните садови (спречува пукање на крвните садови, а со самото тоа и излив на крвта), спречува инфаркт на срцето, мозочен удар и ангина пекторис. Потоа, го спречува настанувањето на тумори, го подобрува видот и го подмладува организмот.

Подготовка:

Исецкајте 300 грама бел кромид и 1 килограм лимон со кора, а потоа ситно сомелете ги.
Ставете да зоврие 1,5 литри вода, намалете го огнот и додајте го сомелениот кромид и лимон и поклопете. Оставете да се вари исклучиво на тивок оган, околу 14 - 15минути (никако подолго од тоа).

Потоа тргнете го од огнот и оставете да се излади. Ова е готов тибетски лек кој треба да го ставите и чувате во заклопен стаклен сад (тегла).

Оваа лек се зема на празен стомак секое утро и тоа 0,5 дл во текот на 25 дена. По тој период, задолжително треба да се направи пауза од 10 дена, а потоа да се повтори постапката до подобрување на здравствената состојба.

Напомена: Строго придржувајте се до дневната доза и направете пауза од 10 дена помеѓу два третмани. По излекувањето не треба да се зема лекот туку само ако дојде до влошување на здравствената состојба.

Здравите лица кои ќе се одлучат да го земаат овој лек поради подобрување на општото здравје на организмот, треба да применуваат само еден третман до два годишно и тоа два пати по 25 дена во пауза од 6 месеци.

Тибетски чај за долговечност

Покрај стариот тибетски лек, постои рецепт за тибетски чај кој се користи како заштита од стресот и го продолжува животниот век.

Сè што Ви е потребно се 5 грама изрендан ѓумбир, 2 големи лажици сок од лимон, 2 големи лажици мед, 1 прстофат чили пиперка и 1 прстофат анасон.

Подготовка:

Ставете 2 литри вода на оган, оставете ја да врие околу 5 минути, а потоа тргнете ја од огнот. Кога ќе се излади, додадете ги состојките и промешајте.

Овој тибетски чај се консумира во мали голтки во текот на целиот ден или подобро, по една чаша пред секој оброк. Подготвената количина од 2 литри чај е доволна за три лица.

Поврзани

Најнови вести

Коментари