Ќе останете без здив!

Совршена зимска идила уживајте во бајката

Доколку сакате новогодишната ноќ да ја поминете романтично, да се возите со кочии и да му ги испратите своите желби на Дедо Мраз, побрзајте во Алпската бајка – Бад Клајнкирхајм.

Се уште не знаете каде да одите за Нова година и не сте ги замислиле новогодишните желби, побрзајте на југот од Австрија. Во долината на Алпите во Бад Клајнкирхајм владее целосно бајковита атмосфера.

Ова сега е едно од најексклузивните скијалишта, но и претходно ова место привлекувало посетители, благодарение на своите термални извори. Прочуено е капалиштето Ромербед од чии отворен загреан базен, посетителите може да уживаат во погледот на патеката за спуштање во оквирот на Светскиот куп, наречена по причуениот Франц Кламер, жива легенда на скијачкиот спорт која се вбројува во најспектакуларните патеки на светот.

Жителите на ова прекрасно планинско место секоја година во чест на божиќните и новогодишни празници, организираат Божиќен саем. Во период на еден месец, колку што трае оваа манифестација, можете да купите разни рачни изработки.

Во нив спаѓаат волниени чорапи и капи со традиционални мотиви, оригинални дрвени фигури, новогодишни украси од разни материјали: керамика, хартија, жица, стакло и многу други.

Во понудата се и домашните ракии направени од разни плодови, како и специјалитетот на овој крај – ликер од шишарки.

Преку ден можете да видите дека хотелите, куќите, викендиците и сите помошни згради на секо домаќинство се богато украсени, одмерено и со стил, без непотребни детали.

Навечер, пак, се' е осветлено и сјае, па изгледа како да сте влегле во некоја новогодишна бајка. На саемот можете да појдете со романтични кочии кои ќе ве прошетаат низ местото, па ќе можете да уживате во целокупната глетка и бајковитоста на ова место.

Она што најмногу ги воодушевува најмладите, но и сите оние кои веруваат во Дедо Мраз, е традиционалното испраќање на желби. Имено, на ова место може да видите голем број на луѓе кои ги потполнуваат своите адреси и му пишуваат новогодишни желби на Дедо Мраз, кои потоа засјајуваат со прскалки закачени за балон и ги пуштаат да летаат кон ѕвездите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари