Со ксмет роден, секаде си даруван. Хрват доби 5 килограми злато во Дубаи

Хрватот Дражен Маглов освоил пет килограми злато нa наградна игра во еден трговски центар, која била дел од "Dubai Shopping Festival" кој се одржал на 15 јануари, пишува "Khaleej Times".

- Возев кога добив повик од Дубаи во кој ми рекоа дека сум освоил пет килограми злато на "Dubai Shopping Festival". Бев сигурен дека некој кој знае дека бев на одмор во Дубаи ме зафркава, но кога сфатив дека е вистина, неможев да верувам! Се уште самиот се уверувам дека е вистина, вели Maглов кој веќе бил вратен во Хрватска кога се одржало извлекувањето.

- За само пет секунди, мојот живот и животот на моето семејство се промени засекогаш. Имам мала продавница во Хрватска, а имам и големо семејство за кое се грижам. Сега можам да си испланирам поубав живот. Ви благодам Дубаи! Навистина, тоа е град на златото, изјавил тој.

"Gold and Jewellery Mega Raffle", во која Maглов го освоил златото е најголемата наградна игра во која се дели накит и злато, а клиентите кои ќе купат парче накит, автоматски учествуваат во неа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари