Слушам, ти се гадат типови без пари

Таа има „супер работа, ок плата за наши услови, неколку супер другарки, многу брендирани парчиња облека и прилично несреќен љубовен живот, зашто мажите се неснајдени и смешни", јас не можам тоа да го кажам, но задоволен сум од својот живот и не би го менувал за такви каква што си ти. Еве и зошто

Од првите чекори на нејзините движења и првите зборови  дознавам дека е родена скопјанка, која завршила право, работи како адвокат во центарот на Скопје. Ѝ се допаѓа тоа што мора да се средува поради работата и што работата ѝ овозможува да живее на висока нога. Патува низ светот, ја придружуваат скапи ликови на летови во бизнис класи, и спиење во хотели во кои послугата ви го презема куферот уште од влезните скали...

За викенд сака да замине до Солун, ако е убаво времето или е сезона за шопинг, а кога е дома сака да седи по кафичи во кои седат градски фаци за да биде видена и пие најскапи коктели. Но, и покрај сево ова, таа е несреќна, ѝ недостасува љубов. Го гледам тоа.

Скоро почнувам да сочувствувам со нејзината тескоба, но таа ме фрла под ладен туш.

Не е проблемот во неа, проблемот е во мажите со кои таа се игра и заработува на нивата подреденост, и затоа што се такви ми смешни. Особено оние кои и служат за потврда на доминацијата, за суетата, кои немаат пари, кои се облакаат со фалц брендови а во нејиното друштво се однесуваат како кавалери. Кои таа ги одбира меѓу помладите, обавезно под 30-та кои не и значат ништо друго освен повремено да ги употреби за секс,  а потоа да им каже дека е зафатена за излегување. Тие заминуваат убедени дека ја освоиле, дека се кул момци вредни за таквите успешни девојки, излегувајќи навечер со своите девојки, врснички кои потоа ги гледаат со презир и сожалување, затоа што се далеку под неа, од нејзината самодоверба и лидерство. Нејзе не ѝ е проблем да ги понижи и да им побара да ја однесат во најскапиот ресторан, и да гледа како се потат пред сметката. За неа, тие се вредност која завршува како употребна вредност.

И уште се прашува зошто е сама. Јас сум шокиран. Како смее да се осмели да каже дека мажите се смешни ако даваат сѐ од себе за на крајот да испаднат жртва на огромното его и нејзините потреби да покаже дека на крајот на денот е подобра од нив. Затоа што таа ги одбира нив, а не тие неа, ги допира под маса и ги гледа во лице како се снебиваат или глумат фраери. По скопски, од високо.

Љубовта не е финансиска трансакција. Во љубовта влегуваме поради емоции, а не за крајната сметка. Кај неа е поинаку. Пред себе гледа само скалила по кои треба да се качува - нагоре.

Канцелариите ни се во соседство, и често седиме заедно преку ден, на појадок или на кафе после работа. Јас не сум и цел, ги немам ни парите ни моќта која ја собира од мажите околу себе, и затоа се чувствува опуштено кога седиме сами, за неа сум безопасен тип. Ја прашува сака ли некого, без оглед што е сама? Да, ми одговара, тој што го сакам не е се уште тука, но ќе се појави еден ден.

Но тоа што јас не го разбирам, не значи дека не постои. Јас сум информатичар и знам што се крие во компјутерот, за разлика од другите кои само го употребуваат. Веројатно, кога се девојките и љубовта во прашање за ваквите случаи сум од другата страна. Гледам, употребувам, но не разбирам што се крие внатре, и што може да ме изненади секој момент. Еротиката е игра која сите ја поскауваат, но таа посакува во играта да и бидам - играчка. 

Не сум балкански мачо, не постирам слики од теретана, фотографии од плажи на море и скапи ресторани, не гладувам за да имам скап телефон, парфем и брендирани чевли. Секако, мојата работа ми овозможува и заработка, и парите ги делам со девојката со која две години сум заедно, и која завршува постдипломски по менаџмент. И имаме љубов меѓу себе, без оглед кој имал, а кој немал пари во џебот, задоволствата од парите ни се заеднички и јас не трошам на неа, туку - на нас. Не барам девојката да ми парира, туку да бидеме рамноправни заедно да градиме совршен живот. Верувам дека правам исправни чекори но, кога ќе ја видам нејзината самозадоволна насмевка и држење кое е полно со самодоверба, нејзиниот успех во адвокатурата, понекогаш се прашувам дали сум во право? Верувам дека сум среќен, но во истото верува и таа, а патем среќата и се гледа од лицето, одењето, од секоја насмевка.

Што е тоа што таа го има а другите го немаат, што те прави таква, ја прашувам додека седиме на пладне во Тренд. Успевам некако, а ништо не е успешено - како успехот, вели таа. Бегам од лузери, депресивци и ликови кои себеси се гледаат како жртви, на кои ништо не им чини: државата е бајлак, владата е ѓубре, народот е гнасен... а, во суштина тие се тоа. Ми се гади од неуспешни фраери.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари