По долгогодишно страдање:

Си го одземала животот по борба со постпородилната депресија

Во денешно време, мајките чувствуваат голем притисок. Поради потребата да бидат совршени мајки, колешки, жени и домаќинки, тие често се преправаат дека го сакаат својот живот и дека уживаат во секој момент од него.

Во денешно време, мајките чувствуваат голем притисок. Поради потребата да бидат совршени мајки, колешки, жени и домаќинки, тие често се преправаат дека го сакаат својот живот и дека уживаат во секој момент од него.

Постпородилната депресија најчесто се јавува помеѓу 6-та и 12-та недела по породувањето, а некогаш и по една година. Постпородилната депресија се јавува кај отприлика 10 отсто од родилките, а може да премине и на постпородилна тага.

Минатата есен, Кара Ковлакас, мајка на две деца трагично го завршила својот живот поради менталната болест од која страдала со години. Таа со ваквите тегоби се борела и пред да роди две деца, а нејзината состојба само се влошувала со секое породување.

Неколку месеци откако го родила второто дете, таа се чувствувала беспомошно и преплавено од болка поради својата состојба. Само еден ден пред својот 33-ти роденден, Кара извршила самоубиство. Нејзините најблиски знаеле дека се бори со тежок облик на постпородилна депресија, а остатокот од светот во неа гледал млада и ентузијастична жена која е полна со љубов.

Таа беше убава и енергична мајка. Не лежеше несреќна во кревет – таа беше будна и активна, се забавуваше со своите деца. Секогаш танцуваше низ животот со заразна енергија", вели Лаурен, постарата сестра на Кара за "Babble".

Секогаш се плашеше дека не е доволно добра – нејзината самодоверба беше исклучително ниска. Таа пиеше лекови за анксиозност, знаевме дека се бори и целото семејство и пружаше поддршка, но не знаевме дека до толку пати", вели таа.

Освен своето семејство, Кара зад себе оставила и шест сестри, а сите пробуваат својата загуба да ја претворат во нешто позитивно. Нивниот труд резултирал со веб-страната "Light of Kara", за која тие се надеваат дека ќе им помогне на другите семејства кои бараат помош, информации и поддршка. На страницата се наоѓаат линкови кои нудат информации за постпородилната депресија и тага.

Нивната цел е да го освестат општеството за душевните болести, посебно новите родители. Тие сакаат да го олеснат животот на мајките кои чувстуваат срам поради што мислат дека мораат да се борат во тишина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари