За скопските фраери, легендарно!

Шупаци што мора да се пројдат во животот...

Порано беше лесно - се лапате и станувате дечко и девојка. Сега... сега е малку покомплицирано.

Сељакот што ти се јавува само кога е пијан

Жени ко жени, секогаш ќе наоѓаат оправдувања за мажите што им се допаѓаат, без разлика дали има тоа смисла или не. Ако дечко ти пишува само кога е пијан, значи дека сака само една работа, а тоа не е да те земе за жена. Џабе рационализации: типот сака само да те легне. Ако навистина му е до тебе и сака да те види, ќе те контактира кога менталната состојба не му е попречена од седум сечени водки.

Сељакот што престана да ти пишува без причина

Секако дека си имал причина зошто го снемало од лицето на Земјата, но за жал, ти никогаш нема да знаеш. Плус, не сакаш да знаеш затоа што губиш во секој случај. Без разлика дали ќе му ја сфатиш причината, асален завршеток нема да добиеш и нема што да направиш освен да го пишеш ко загуба и да собереш памет за друг пат.

Сељакот што прави планови и го снемува

Прашањето е зошто упорно те планира за секакви активности и наеднаш му излегува некоја итна или непланирана работа. Океј е еднаш да се случи, ама кога се случува цело време, мораш да сфатиш дека е до него а не до тебе. Збунувачки е зошто типот делува ко да се труди, ама не е така. Бегај.

Сељакот што има женска

И раскажуваш на другарка ти за супер дечкото со кој излегуваш, и прави кисела фаца. Веднаш знаеш дека треба да престанеш со муабетот и да и дозволиш да ти каже што и лежи на душа. Типот има женска.

Сељакот што се плаши од обврска

Прави сè што би правел нормален дечко, освен да ги официјализира работите. Се гледате секој ден, си ги знаете друштвата, ама од некоја причина, нејќе да го направи следниот чекор. Другарките се обидуваат да ти го посочат проблемот, ама ти се правиш на три и пол и го оправдуваш. За жал, колку подолго му попушташ, толку повеќе ќе мисли дека е прифатливо. Ама не е тој крив, добива сè што му треба во „врската", зошто да сака да е официјално?

Сељакот што го има па го нема

Ова е типот што постојано ти пишува со недели, и после го снемува. Ако си зафатена со работа ова е супер, ама од друга страна, лошо е што тој мисли дека таквото однесување е во ред. Ова никогаш нема да прерасне во нешто посериозно бидејќи циклусот само ќе продолжи сè додека на некој не му прекур*и.

Сељакот што цел живот е зад шанк

Почнал на 19 години за да заработи за одмор, а сега има 25 и амбицијата во живот му се сведува на тоа да го проживее искуството на Леонардо ди Каприо во „The Beach". Не те гледа сериозно бидејќи цело време прави планови да кидне за да работи на шанк на плажа во Костарика.

Сељакот што е емоционално јојо

Сака да има женска на периоди. Кога сè му е супер во живот не те рецка два посто, ама кога другарите ќе му здосадат, ти си му прва за јавување. Ќе те договори и после ќе те одје*е за да игра фудбал што го договорил во последна минута.

(Пиксел)

Поврзани

Најнови вести

Коментари