Дали некогаш сте помислиле

Што всушност се крие зад девојките кои постојано се смеат

Постојат девојки кои постојано се смеејат. Понекогаш, насмевката е единствениот начин за да ја сокриете болката и да не се покаже болката која се чувствува одвнатре.

Кога ве гледаат луѓето постојано насмеани, тие мислат дека вие не чувствувате ништо. Но, тие не знаат дека до вас допира речиси сѐ, дури и најмалите работи и шеги може да ве повредат. Вашата насмевка всушност е знак на вашата чувствителност и ранливост која се обидувате да ја сокриете.

Иако постојано се смеете, останатите не знаат за вашите болни приказни и спомени. Луѓето мислат дека вие постојано ја имате таа насмевка на себе, дека постојано сте позитивни, расположени и храбри, но тие не доаѓаат со вас во вашиот дом, во вашата соба и да ја видат вашата чувствителност. Тие не се внатре во вашето тело за да знаат со каква борба се соочувате секојдневно, но сепак, останувате на нозе и утрешниот ден повторно излегувате со насмевка, затоа што знаете дека животот е борба, а она што ви останува вам е да стоите цврсто на вашите нозе и со смелост да ги прифатите животните предизвици.

Поврзани

Најнови вести

Коментари