Неповолен астролошки период

Што треба да направите за да ви тргне

За време на ретроградниот Меркур, во траење од 9 април до 3 мај, нашите животи ќе се најдат во целосен хаос, но, за среќа, постојат одредени работи кои можеме да ги направиме за да ги спречиме негативните последици кои не демнат во периодот на неповолниот астролошки период.

Еве што треба да направите ако сакате да воведете ред во својот живот:

Славете ја врската

Вратете се на местото каде се запознавте. Потсетете се на првиот бакнеж и размислувајте за сите работи поради кои ја сакате личноста со којашто сте за да не потпаднете под негативни љубовни аспекти кои ги носи ретроградниот Меркур.

Проверувајте се што правите на работа

За време на ретроградниот Меркур многу лесно може да дојде до конфузија и лоша комуникација меѓу колегите и клиентите. Затоа обидете се да ги избегнете сите грешки, така што се што ќе правите ќе проверувате двапати. 

Тргнете малку пари на страна

Наместо под влијание на ретроградниот Меркур повеќе да трошите пари, погрижете се да одвоите малку повеќе пари на страна и обезбедете се од сите непредвидливи ситуации кои можат да излезат.

Однесете го автомобилот на сервис

Сите возачи би требало добро да го проверат автомобилот посебно ако планираат пат. Ретроградниот Меркур негативно влијае на сите видови патување и транспорт така што можете да очекувате и метеж на патот, само погрижете се вашиот расипан автомобил да не биде причина за застој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари