Што се случува кога на домашните миленичиња им дозволувате да спијат во вашата соба!

Ново истражување покажало дека миленичето кое спие во иста просторија позитивно влијае на сонот кај човекот.

Многумина мислат дека на домашните миленичиња не им е место во спална соба, дека го расипуваат сонот, но спрема ова истражување, тоа не е случај.

Доколку имате проблеми со спиење, можеби би требало да размислите за домашно милениче, и да му дозволите да спие во иста просторија со вас или во ваша постела.

Ново истражување спроведено во клиниката Mayo во Аризона покажало дека миленичето кое спие во иста просторија или во постела позитивно влијае на сонот кај човекот.

Во истражувањето учествувале 40 возрасни лица без пореметен сон, како и нивните кучиња, а траело пет месеци. Луѓето и кучињата редовно се следени, односно нивните навики. Констатирано дека луѓето кои спиеле во соба заедно со милениците имале подобар сон.

Научниците констатирале дека нема потреба милениците да спијат под покривач, доволно е да се во вашата соба или во подножјето на креветот. Доколку им дозволете да спијат под покривач, можат да предизвикаат спротивен ефект.

Подобариот сон е резултата од тоа што присуството на миленичето во собата дава чуство на удобност и сигурност.

"Многу од сопствениците одвоени се од своите миленици во текот на денот, со што сакаат да го надокнадат изгубеното време. Поради тоа можете да им дозволете да спијат во иста соба" се зборови на наичниците.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари