Кој се наоѓа во медот и овошјето

Шеќерот ја подобрува работата на мозокот

Поголемиот дел од здравствените експерти советуваат намалување на внесот на шеќери, со што би се намалил крвниот притисок и ризикот од срцев удар, но д-р Дру Ремзи смета дека шеќерот може да има позитивни и корисни ефекти врз мозокот.

Тој тврди дека шеќерот е витален за здравјето на мозокот кој користи 400 калории од глукоза на дневно ниво, но тоа не значи дека внесот на две чоколади ќе му ја даде потребната квалитетна енергија на вашиот мозок. Важно е од каде доаѓа шеќерот кој му е потребен на организмот.

Фруктозата која се наоѓа во многу нездрави намирници не е баш корисна, но природниот шеќер кој се наоѓа во медот, јаворовиот сируп и овошјето во голема мера допринесува за здравјето на мозокот.

Многу е корисно да знаете колку шеќер се наоѓа и во кои намирници. На пример, банана со средна големина содржи 14 грама природен шеќер. Исто така, кељот содржи доста шеќери. Овие две намирници полека ослободуваат енергија, со што не доаѓа до нагло зголемување на нивото на инсулин во крвта.

Заклучокот на д-р Ремзи е дека природниот шеќер може да ја подобри работата на мозокот и да го поттикне неговото правилно функционирање.

Поврзани

Најнови вести

Коментари