Жените тврдат дека годините се само број

Се забавувам со постар маж затоа што покрај него се чувствувам посигурно!

Неколку припаднички на понежниот пол ги откриле вистинските причини поради кои се забавуваат со постари мажи, а парите и сигурноста која ја чувствуваат покрај нив секако е предност.

Неколку припаднички на понежниот пол ги откриле вистинските причини поради кои се забавуваат со постари мажи, а парите и сигурноста која ја чувствуваат покрај нив секако е предност.
Вечно прашање е зошто жените отсекогаш ги преферирале постарите мажи, а сега неколку од нив одлучиле да дадат одговор на тоа прашање.

Какви години?

Не мислам дека е страшно што моето момче е 15 години постаро од мене. Кога ќе ги поминете дваесеттите, годините повеќе не се важни во врските и односите. Навистина не се. И покрај разликата во години, ние секогаш имаме теми за разговор и животите ни се многу слични. Ако не кажам колку години има, луѓето мислат дека разликата помеѓу нас е можеби пет години бидејќи тој изгледа помладо", вели 34-годишната Дебора.

Ме мотивира

Јас имам 21 година, а тој 33. Наскоро ќе дипломирам и ќе барам работа. Тој е програмер во една фирма. Јас и понатаму се обидувам да се напијам за викендите за помалку од 10 долари, а тој излегува во клубови и нарачува шишиња пијалок. Речиси немаме ништо заедничко, но тоа ми се допаѓа. Поинаков е од мене и од моите пријатели во позитивна смисла и ми помага да сфатам дека морам да се фокусирам на кариерата откако ќе добијам диплома. Нему му се допаѓа што сум млада, забавна и динамична", вели 21-годишната Кара.

Посигурна сум

Забавувањето е добра идеја ако барате некој кој е зрел. Ми се допаѓа моето момче иако сме заедно само 3 месеци, бидејќи се чувствувам сигурно и пријатно покрај него. Кога се забавував со момци на моја возраст морав сама да ги плаќам вечерите, концертите и впрочем, нивните животи. Со моето ново момче повеќе и не го носам паричникот со мене", вели 23-годишната Ешли.

Привлекуваме внимание

Kога моето сегашно момче ми се додворуваше, јас го одбивав со зборовите дека изгледа како да ми е татко. Постар е од мене само 11 години, но сепак! Полека нашето пријателство достигна ново ниво и еве сега сме во врска веќе две години. Повеќе ни тоа не е чудно, но тоа не ги спречи луѓето чудно да не' гледаат кога одиме по улица", вели 25-годишната Криста.

Парите не се проблем

Се забавувам со некој кој е речиси 20 години постар од мене, а нерадо признавам дека најмногу ме привлече тоа што има пари. Не се работи за пари кои се стекнати на брзина и кои сака да ги потроши на глупости по секоја цена, туку станува збор за посветен начин на живот. Го сакам таквиот вид на сигурност и самата помисла дека покрај него парите никогаш нема да ми бидат проблем", вели 33-годишната Мери.

Помалку драма

Мојот совет за девојките е да се забавуваат со некој кој е постар од нив. Тоа е моето златно правило во љубовта. Сакам да се забавувам со постари мажи бидејќи има многу помалку драма во приказната. Сите кажуваат што мислат и како се чувствуваат. Има многу помалку кавги и непредвидени ситуации. Моето сегашно момче е 10 години постаро од мене", вели 31-годишната Џеки.

Најнови вести

Коментари