Момчето дух ја кажа својата страна од приказната

Се разбудил од кома по 12 години и открил дека негувателките го силувале

Што би направиле ако сте заклучени во своето тело, со недопрен мозок кој работи, но без никаква способност за комуникација? Како емоционално да се преживее фактот дека сте невидливи за сите кои ве познаваат и сакаат?

Што би направиле ако сте заклучени во своето тело, со недопрен мозок кој работи, но без никаква способност за комуникација? Како емоционално да се преживее фактот дека сте невидливи за сите кои ве познаваат и сакаат?

Во 1988. година Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кое сакало да си игра со разни уреди, најмногу со транзистори и телевизори. Неговото идилично детство наеднаш било прекинато од мистериозна болест - на возраст од 12 години еден ден дошол дома од училиште со болка во грлото. Неговата мајка не обрнувала многу внимание на тоа, мислејќи дека ќе помине со малку мед и чај. Но, неговата состојба набрзо се влошила до момент во кој повеќе не можел да оди и да стои, но ни да зборува. Лекарите претпоставуваат дека заболел од криптоколален менингитис, а пред да успеат да преземат било што, детето паднало во кома, пишува NBC News.

Во раниот период на комата, Мартин не бил свесен за ништо, бил во длабока кома. Неговото семејство организирало посебна грижа околу него - од капење, хранење преку цевка, вртење. Но, на возаст од 16 години Мартин одненадеж се разбудил - односно станал свесен за тоа што се случува околу него. Сепак, и натаму не можел да се движи, комуницира со семејството или на било кој начин да им каже дека е тука. До тој момент минале уште цели 8 години.

Го злоставувале во дом за немоќни

Бидејќи немале можност за попладневна грижа за него, Мартин родителите во текот на работното време го оставале во посебен Институт за немоќни лица. Во посебен документарец, семејството Писториус и самиот Мартин ја откриле неговата необична приказна.

Мразев да бидам во Центарот за нега, беа ужасни кон мене. Мојот татко ги пријави откако се разбудив и им открив што се случуваше, но тие секако демантираат. Нема што не ми правеа, ме влечеа за коса, ме удираа по заби ако не јадам. Често ми даваа врел чај, се однесуваа како да не се луѓе", рекол Мартин.

Покрај тоа, се пожалил дури и на сексуално злсотавување при што една сестра симулирала секс со него и го допирала по гениталиите.

Ме ставаа пред телевизор кој цело попладе беше вклучен. Секој ден програмата беше иста, Диносаурусот Барни. Боже, колку ја мразев таа емисија", вели Mартин.

Се надевам дека ќе умреш

Од се што доживеал во своето тело заробено во кома, како најболен момент го наведува тоа што го изговорила неговата мајка. Имено, таа во еден момент стоела покрај него, и бришејќи го со крпа и гледајќи го неговото неподвижно тело изговорила: "Се надевам дека ќе умреш".
Мартин тоа го слушнал и му останало во помнењето. Иако тоа ужасно го растажило, денес потполно ја разбира.

Најлошо ми беше што не можев да ја прегрнам, да и кажам колку е добро што се грижи за мене, колку сум и благодарен", во солзи објаснил Мартин.

По цели 12 години во кома, некои вработени во домот во кој бил негуван, почнале да забележуваат промени во неговото однесување, односно обиди за комуникација. Набрзо ги известиле родителите, па Мартин на 25 години добил компјутер со комуникациски софтвер, со чија помош и денес комуницира со луѓе.

Успеал да го унапреди своето движење со разни терапии, а преку интернет во 2008. година ја запознал својата идна сопруга, поради која се преселил во Велика Британија. За него секоја година носи некој напредок, па во 2011. година вратил дел од контролата на рацете и гласот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари