Маслиновото масло има неверојатен ефект:

Само една лажичка дневно прави чуда за вашиот организам

Еве зошто треба да консумирате една лажичка маслиново масло секое утро:

Маслиновото масло, уште од дамнешни времиња се користи за многу цели – од здравје, преку нега па сè до исхрана. Она што маслиновото масло го прави супер храна е високото ниво на мононезаситени масни киселини, посебно олеинската киселина и различните антиоксиданси.

Еве зошто треба да консумирате една лажичка маслиново масло секое утро:

Има антиканцерогено дејство

Својствата на ладно цеденото маслиново масло помагаат против неколку видови на рак. Кога биле правени истражувања, најдобрите резултати се покажале во случаите на рак на дојка и органите за варење.

Успешно се бори против деменцијата

Една од причините за појава на Алцхајмеровата болест е зголемената акумулација на бета-амилоид во мозокот. Тим на експерти од универзитетот Монро во Луизијана открил дека олеоканталот – соединение кое се наоѓа токму во маслиновото масло, има моќ да го контролира нивото на бета-амилоидот и значајно да го зголемува неговото чистење.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Маслиновото масло има способност да ја намали појавата на дијабетес. Неговото консумирање може да биде од помош во лекување на дијабетес тип 2.

Го намалува крвниот притисок

Студијата која била објавена во едно американско стручно списание покажала дека учесниците со висок крвен притисок ја намалиле употребата на лекови, благодарение на маслиновото масло кое го консумирале секое утро.

Поврзани

Најнови вести

Коментари