Монструозно!

Сајт нуди деца на продажба: Од бебиња до тинејџери, платете и носете! Цена - по договор

Неодамнешното откритие дека постои сајт во Египет за продажба на деца на сите возрасти, ја шокирало целокупната тамошна, но и светска јавност.

"За оние кои се заинтересирани за посвојување или купување, имаме деца за продажба на сите возрасти", стои на сајтот кон нуди од новороденчиња до постари деца, чии родители не се познати.

Цените варираат во зависност од бојата на кожата, полот, здравствената состојба, бојата на косата и очите, како и низа други карактеристики.

Инженерот за компјутерски науки случајно го открил овој сајт додека правел страна на Фејсбук за помош на пронаоѓање на исчезнати деца.

Реми ел-Гебали рекол дека неговата страна, која има 12 милиони фанови, им помага на семејствата чии деца исчезнале со објавување на нивните фотографии.

Некои од фановите на неговата страна кои живеат во градот Ел Шорук, североисточно од Каиро, пријавиле сомнителен стан во кој живеат неколку деца и во кој "често доаѓаат семејства кои заминуваат со деца".

Како што опишале, семејствата во главно доаѓаат со скапоцени автомобили и се гледа дека се богати. Кога пријавиле во полиција, се воспоставиле дека во станот живеат киднапери кои планирале да ги продадат децата.

Од тој случај Гебали посебно се заинтересирал за начините на кои киднаперите и шверцерите на деца доаѓаат до потенцијални клиенти. Додека тоа го истражувал, Гебали дошол до шокантен сајт за продажба на деца.

Исто така, открил и дека сопственик на сајтот е арапски државјанин кој живее во Холандија. Успеал да открие на кој начин се одвива процесот за продажба на деца преку сајтот. Ја известил полицијата и центарот за трговија на луѓе, по што надлежните веднаш преземале мерки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари