И тоа го има

Русинка тужи агенција за кредити бидејќи не доживеала оргазам како во рекламата

Јулија Панферова од Санкт Петербург, Русија одлучила да ја тужи агенцијата за кредити од каде позајмила пари, бидејќи откако го вратила долгот не се чувствувала како да доживеала оргазам, како што се тврдело во рекламата на агенцијата.

Јулија Панферова од Санкт Петербург, Русија одлучила да ја тужи агенцијата за кредити од каде позајмила пари, бидејќи откако го вратила долгот не се чувствувала како да доживеала оргазам, како што се тврдело во рекламата на агенцијата.

Панферова кон крајот на август позајмила 5.000 рубљи (околу 73 евра) и за кратко време го подмирила долгот.

Сепак, пред судот во Москва таа тврдеше дека не се чувствувала онака како што компанијата тврдела на својата веб-траница: дека кога ќе го врати долгот „ќе почувствува внатрешно задоволство и мир што може да се спореди со состојбата на доживување оргазам".

Токму тој дел од рекламата ме охрабри да се одлучам на тој чекор и да земам позајмица", тврди Панферова.

Кога отидов да ги вратам парите, расположението не ми беше нешто многу подобри. Немав никакво чувство на задоволство или мир", рече таа.

Панферова сега бара да ѝ се исплати износ од 999.999 рубљи како компензација за отсуството на оргазмично доживување.

Судот ја уважи нејзината тужба, но уште нема донесено одлука.

Панферова, која е во брак со четири години помлад архитект, позната е од претходно во руската јавност. Таа им даде совет на жените да не влегуваат во сексуални врски со мажи кои заработуваат помалку од милион рубљи (14.570 евра) месечно.

Жените би требало да имаат секс само со мажи кои инвестираат во нив", рече таа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари