Вкусно задоволство

Розовото чоколадо Руби е новата варијанта на чоколадо после 80 години

После цели 80 години на пазарот се појавува нова варијанта на чоколадо. Станува збор за потполно природно розово и овошно чоколадо!

После цели 80 години на пазарот се појавува нова варијанта на чоколадо. Станува збор за потполно природно розово и овошно чоколадо!

Сигурно сте веќе уморни постојано да избирате меѓу темно, млечно и бело чоколадо. Новото розово чоколадо е создадено од швајцарецот Бери Калебаут, кој со природна конфекција ја направи првата сорта што доаѓа на пазарот откако Нестле го промовираше белото чоколадо во 1930 година.

Промоцијата на чоколадото Руби, кое нуди ново гастрономско искуство се одржа на специјален настан во Шангај, Кина на 5 септември 2017 година.

Производителот од Цирих, тврди дека не се користат бобинки, вкус на малина или боја за да се создаде новата конфекција. Наместо тоа, природното чоколадо добива нијанса и невообичаен вкус од уникатниот рубин.

Припаѓа на истиот вид како растенија што се користат за создавање на традиционално чоколадо, но содржи уникатна мешавина на соединенијата. Калебаут вели дека нема да го открие сопствениот процес кој што го користи за извлекување на розовата боја и овошниот вкус, па компанијата вели дека со својот истражувачки тим од експерти ќе се обидат да ги откријат атрибутите на рубинот.

Оние кои што ќе сакаат да го пробат ова чоколадо ќе треба да бидат трпеливи бидејќи компанијата која спроведе неколку успешни тестови за вкус на чоколада во Кина и други делови на светот, бара партнери за да го донесат на пазарот. Калебаут се надева дека од шест до осумнаесет месеци ова чоколадо ќе биде достапно за потрошувачите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари