Рекордерка: На 42 го родила 20-то дете!

16 пати раѓала близнаци, седум пати тројки и четири пати четворки.

Оваа жена, која веќе станала баба, поминала 14 години во бременост. Четериесетидвегодишната жена од Ерусалим мината недела го родила своето 20 дете во болница Ањ Керем.

Медицинските сестри останале со "отворена уста" кога дознале дека дома ја чекаат 19 деца.

Сепак има долг пат прд себе доколку сака да го руши Гинисовиот рекорд. Супруга на Федор Васиљев 16 пати раѓала близнаци, седум пати тројки и четири пати четворки. На персоналот им рекла дека најстарите деца веќе имаат формирано своите семејства, пренесува Klix.ba.

Породувањето траело неколку часа, а бабиците рекле родилката била потполно смирена. Родила здраво машко без компликации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари