За 10 дена

Прочистете го телото од шеќери

Зошто луѓето не можат да се откажат од шеќерот? Повеќето од нив не можат да го направат тоа, бидејќи шеќерот предизвикува зависност, како што истражувањата покажуваат, подеднакво како кокаин. Меѓутоа,ако навистина сакате да се откажете од шеќерот, тоа можете да го направите за само 10 дена, но потребно е да се почитуваат неколку правила.

1. Одлучете се за детоксикација

Прво поставете си ги прашањата, на пример: Дали сум зависник од шеќер? Дали се чувствувам добро кога јадам шеќер? Овие прашања ќе ви помогнат да го утврдите вашето ниво на зависност и добро ќе ве подготват за борба за ослободување од шеќерот.

2. Избегнувајте ги сите напивки кои содржат калории

Калориите од течностите се полоши од калориите од цврстата храна, бидејќи побрзо се апсорбираат во телото и предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта. Пијалаците полни со шеќери како што се газираните сокови и овошните сокови се поврзани со дебелеењето и дијабетесот тип 2.

3. Целосна апстиненција

Зависноста од шеќерите не е возможно да ја надминете со умерена консумација, потребна е целосна апстиненција. Консумацијата на мали количини шеќер ќе направат збрка во целиот процес на детоксикација. 

4. Направете план за „вонредните ситуации"

Кога ќе почувствувате огромен глад, но поради зафатеноста во тој момент, не можете да си обезбедите здрав оброк. Во такви случаеви најдобро со вас е да носите здрава ужин.

5. Избегнувајте глутен и млечни производи

Потребно е 10 дена да апстинирате од глутенот и производите кои го содржат, како и од сите производи кои се произведени со млеко. Овој вид храна може да предизвика  желба за внесување калории.

Исто така недостатокот на сон доведува до зголемен апетит, па поради тоа потребно е секоја ноќ да си обезбедите 7 часа квалитетен сон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари