ЕРОГЕНИ ЗОНИ

Предиграта е вашата лична карта кај поубавиот пол

За разлика од мажите, жените копнеат за нежни допири бидејќи нивното тело е една голема ерогена зона на која треба да и се посвети големо внимание. Предиграта за поубавиот пол е вашата лична карта. Ако умеете да ги пронајдете нејзините чувствителни точки и да ги стимулирате на вистинскиот начин таа може да ви дозволи да отидете чекор напред. Иако за многу мажи е најтешко да "дешифрираат" што ги возбудува жените, експертите порачуваат да нема премногу филозофирање.

 

Целото женско тело е прекриено со ерогени зони, кои ги чекаат вашите допири. Доколку се уште не сте откриле се, еве некои што не треба да ги заобиколувате.

Усни
Сочни и меки усните претставуваат вистински афродизијак, а еротскиот набој го влечат од сличноста со срамните усни. Мажите можат да ги третираат диво и нежно, а некои жени ќе ви допуштат и грицкање. Со оглед на тоа дека се започнува со бакнувањето, усните се ерогена зона која треба добро да се искористи и да не се занемари и во сексот. Започнете со нежни бакнежи и постепено преминете на страствено бакнување.

Уши
Жените кои живеат на западната страна од земјината хемисфера се свесни за фаталноста на физичките атрибути кои ги разликуваат од спротивниот пол. Доказ е накитот со кој се истакнува женственоста, го украсува вратот, зглобовите и ушите. Тргнете и ги обетките и поиграјте се со оваа ерогена зона, а сами изберете го начинот на кој ќе го направите тоа. Тоа што дефинитивно би и се допаднало, може да ви открие што понатаму би ја возбудило во кревет.

Врат
Оваа ерогена зона е еден од клучните знакови на женственоста. Имено, долгиот и тенок врат отсекогаш ги привлекувал мажите. Нежната кожа на женскиот врат посипете ја со меки, влажни и топли бакнежи. Оваа ерогена зона просто ве повикува на нежност во текот на предиграта, со што се создава чувство на силна поврзаност, а возбудувањето заемно расте.

Гради
За неодоливата привлечност на оваа ерогена зона не треба многу да се зборува, зашто за поголемиот дел од мажите градите се неизбежни. Некои експерти сметаат дека градите ги излудуваат мажите заради нивната поврзаност со мајката во текот на доењето. Како и да е, знајте дека жените не се чувствителни само на допирот на брадавиците, туку на целите гради. Важно е само како да ги стимулирате, со овој дел од женското тело до крај да останете нежни.

Задник
Прво го галите и со врвовите од прстите нежно го гребете, а потоа испробајте цврсти кружни движења. Ова е единствената женска ерогена зона за која не мора да се грижите дали ќе ја повредите ако малку се занесете. Дури на повеќето жени им годат и лесни удари во овој дел од телото, што е најголемата радост за мажите кои обожаваат грубо да си играат во креветот.

Нозе
Ништо друго не ги возбудува мажите како нозе во високи потпетици. Бидете свесни дека ова е значајна ерогена зона која можете да ја искористите во предиграта, односно "да отидете чекор понапред". Масирајте и ги стапалата со кружни движења, а возбудувањето можете да го зголемите така што со дланката ќе преминете до бедрата. Ако сте храбри ова можете да го направите и со јазикот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари