Ќе изгледате како холивудските убавици

Правила за совршено бојадисана коса во домашни услови

Ако ги погледнете внимателно фотографиите на познатите дами, ќе видите дека на нивната коса нема само една нијанса. Повеќето од нив ја бојадисуваат косата во повеќе тонови, што прави нивното лице да изгледа посветло, а косата пожива и пораскошна.

Ако ги погледнете внимателно фотографиите на познатите дами, ќе видите дека на нивната коса нема само една нијанса. Повеќето од нив ја бојадисуваат косата во повеќе тонови, што прави нивното лице да изгледа посветло, а косата пожива и пораскошна.

Кога се бојадисувате косата сами дома, важно е да внимавате за тоа на вашето лице да не останат темни траги од бојата. Тоа значи дека, пред да почнете да ја бојадисувате косата, лицето треба да го намачкате со вообичаениот хидратантен крем, а потоа и со потенок слој на вазелин. Премачкајте ги деловите околу челото, ушите и вратот. Така кожата ќе биде заштитена, а ако се случи на неа сепак да се најде боја, веднаш избришете ја.

Постојат некои навистина штетни состојки што се кријат во боите за коса, па би требало да го проверите тоа кога ќе ги купувате. Особено се штетни амонијакот, јагледниот катран и олово-ацетатот. Состојките како амонијак (кој ја суши и ја гори косата) и олово-ацетат (многу е отровен), треба да се избегнуваат во широк лак. Ако е некако можно, користете најприродни бои за коса што постојат на пазарот.

Бојадисувањето со темна боја помалку ја оштетува косата отколку бојадисувањето со светла. Зошто? Кога косата се осветлува, секогаш од неа симнувате по малку боја и влага, додека со бојадисувањето во темно, само нанесувате нова боја.

Сите жени што веќе подолго време немаат природна боја на косата. знаат дека таа пред бојадисувањето треба да е валкана. Ова се објаснува со фактот што бојата полесно се прима на валкана коса, но и нанесувајќи боја или хидроген на свежо миена коса, можете да го изгорите темето кое е тогаш значително почувствително.

Поврзани

Најнови вести

Коментари