Прв примерок од ваков тип

Прашина од Месечината ќе се најде на аукција

На аукцијата ќе биде понудена и фотографија на вториот човек што стапна на Месечината, Едвин Олдрин, кој се проценува меѓу 3.000 и 5.000 долари.

Примерок од прашината што првиот човек кој стапна на Месечината, Нил Армстронг ја донесе од Земјиниот сателит се нуди на продажба во њујоршката аукциска куќа „Сотби" и се очекува дека тој симбол на славните денови на американската вселенска програма да достигне цена меѓу два и четири милиони долари.

Тоа е една од 180 работи поврзани со патувањето во Вселената, што „Сотби" ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48-годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година.

Прашината е првиот примерок од Месечината во историјата.

На аукцијата ќе биде понудена и фотографија на вториот човек што стапна на Месечината, Едвин Олдрин, кој се проценува меѓу 3.000 и 5.000 долари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари