Заради генетско пореметување

Повеќе од 10 години не се смеела, животот и бил пекол

Со години никој не ја видел насмеана, а поради забите ја нарекувале „ајкула"

 

21-годишната Џена Фаф од Калифорнија десет години се срамела да ја отвори устата во јавност, а на смеењето одамна заборавила. Нејзината голгота почнала кога имала само 8 години и кога забележала дека нешто чудно и се случува со забите. Наскоро дознала за што станува збор, но не ни помислувала дека тоа ќе и одземе повеќе од 10 години безгрижен живот. Дијагнозата била ектодермална дисплазија, генетско пореметување кое ги погодува коските, забите и косата. Тоа резултирало забите на Џена да бидат толку слаби што почнале да се кршат и паѓаат секојдневно.

Така престанала да се смее во јавноста и постојано со рака ја покривала устата. Од година во година ситуацијата станувала се полоша. Во доцните тинејџерски години, Џена практично останала без заби. Минатиот месец конечно го добила првиот сет привремени импланти кои ќе имаат за цел да и ја прицврстат вилицата се додека не добие трајни заби, за што треба да одвои дури 25.000 долари. Поради ова, Џена отворила своја страница за собирање на средства преку интернет, а, како што вели, од моментот кога ги добила привремените заби, не може да престане да се смее.

Најнови вести

Коментари