Истрага која ја шокираше јавноста

Поранешна манекенка на педофили им праќала фотографии од девојчиња и продавала малолетнички за секс

Поранешниот тајландски модел за долна облека, 32-годишната Алиса Јаидее била уапсена во вторникот поради обвиненија за трговија со луѓе, откако на интернет на полицаец му продала малолетна девојка за сексуални услуги.

Јаидее праќала фотографии од 16-годишно девојче на полицаец на тајна задача, и навела дека тинејџерката е проститутка и се обидела да ја продаде за секс.

На тајни агенти кои глумеле педофили им пратила десетици фотографии од девојчето. Инспекторите изјавиле дека по пат на апликацијата "Line" договорила сексуален однос на тинејџерката и полицаецот за 15.000 бахти, односно за околу 350 фунти.

Планирала на девојчето да му даде половина од сумата, а другата половина да ја задржи за себе.

Од полицијата навеле дека се спротивставувала на апсењето и во еден момент се обидела да го фрли телефонот за да не може да го прегледаат во полицијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари