Ова е најскапото селфи на светот:

Поради една фотографија направил штета од 200 илјади долари

Луѓето денес се подготвени да направат речиси се за една селфи фотографија, па дури и да го ризикуваат сопствениот живот. Сепак, има и луѓе кои што имаат среќа, па треба „само да ја платат казната".

Луѓето денес се подготвени да направат речиси се за една селфи фотографија, па дури и да го ризикуваат сопствениот живот. Сепак, има и луѓе кои што имаат среќа, па треба „само да ја платат казната".

Со намера да направи селфи фотографија, во музејот 14h Factory во Лос Анџелес, една девојка направи штета од 200 илјади долари. На објавената видео снимка направена од надзорните камери во музејот, се гледа како девојката се мести за фотографијата, а потоа турка еден од експонатите по што настанува домино ефект.

На снимката се гледа како девојката стаува и се однесува како ништо да не се случило, а потоа неколку секунди подоцна се обидува да ја поправи штетата.

Како што соопштија од музејот од Лос Анџелес, девојката срушила и уништила најмалку десет експонати, а биле оштетени и три скулптури. Штетата се проценува на 200 илјади долари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари