Почина гитаристот и основач на AC/DC – Малколм Јанг

По тригодишната борба со деменција почина легендарниот гитарист и еден од основачите на групата AC/DC, Малколм Јанг на 64 годишна возраст. Тој подолго време не свиреше во бендот поради болеста.Деменција му беше дијагностицирана во 2014 година, по што се повлече од групата, но и од јавноста.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот брат Ангус, кој е исто така гитарис во легендарниот австралиски бенд.

Браќата Јанг ја основаа групата AC/DC во ноември 1973 година. Три години подоцна постигнаа светска слава.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари