Скандал во германска авиокомпанија:

Пилотите тајно ги снимале стујардесите за време на секс

Германскиот авио-превозник „Кондор" отвори истрага после избивањето на гласините околу можниот секс скандал во својата компанија.

Германскиот авио-превозник „Кондор" отвори истрага после избивањето на гласините околу можниот секс скандал во својата компанија.

Имено, пилотите на оваа германска авиокомпанија, тајно ги снимале стујардесите за време на секс во авионите и надвор од нив. Подоцна, овие снимки кружеле меѓу пилотите како трофеи, секако, без за тоа да знаат стујардесите.

Сепак, портпаролот на компанијата се огласи во текот на вчерашниот ден од Франкфурт и порача дека засега нема докази кои што би биле појдовна точка за да започне еден процес на кривично гонење на пилотите на авиокомпанијата „Кондор".

Од компанијата соопштија дека само поради претпазливост, ги предупредиле своите вработени за можни злоупотреби на видео-снимки и правните последици со кои што би се соочиле доколку се случи такво нешто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари