Пенис кој не старее: Таа ќе го сака, и ти исто така

Би сакале да мислите дека некои делови од телото, сепак, ќе му се спротивстават на времето и ќе ги победат годините. Ќе го задржат изгледот и квалитетот како во најубавите младешки години. Но, тажната вистина е дека тоа нема да се случи. Не во овој живот. Како што лицето старее така старее и Џони. Секако, тоа нема да се случи одеднаш. Стареењето на пенисот е постепен процес, кој започнува на возраст од околу 40 години.

Бојата. Артерослерозата, проблем кој си доаѓа со годините и не одминува никого, ја забавува циркулацијата на крвта, а тоа директно влијае врз срцето, мозокот и пенисот. Со помал доток на крв пенисот станува посветол. Не треба да се грижите, тоа не е ништо страшно, но секако, треба да си имате редовни прегледи за да ја следите состојбата на половиот орган. Исто така, како што старее кожата на целото тело, така старее и на пенисот, па може да стане поопуштена и позбрчкана.

Големината. Кога веќе го надминавте проблемот со промената на бојата и формата, време е да се фокусирате на големината и еднаш засекогаш да се помирите со фактот дека околу 60-70 години со гордоста не ќе можете бајрак да веете. Како што минуваат годините, така се скусуваат сантиметрите, а тоа повторно е резултат на намалувањето на дотокот на крвта до пенисот и намалувањето на тестостеронот. Ако ви е за утеха, ако сте во просекот или над него, сантиметар-сантиметар и пол и не прават некоја голема разлика. Единствено што треба да внимавате е мевот. На подебелите мажи им се скусува и без да им се скуси, зашто пенисот почнува внатре во телото. Ако имате голем стомак, тој ќе паѓа врз основата на пенисот и ќе го прави визуелно пократок.

И на крајот, она што, всушност треба да ги сфатите еднаш засекогаш – на жените не им е битна должината! Важно е што прави со тие сантиметри што ги има, а и со остатокот од телото. Предолг пенис – болен секс!

Осетливоста. Тестостеронот помага да се одржи нервното ткиво. Кога ќе се намели нивото на тестостерон, се намалува и осетливоста на пенисот, што доведува до тешко постигнување оргазам. Исто така, и кога е во ерекција, пенисот не се стврднува. Е оваа состојба е изгубена војна, а не битката со големината.

Но, оваа состојба може да се санира колку-толку, така што ќе имате ерекции секој ден. Не мора да доживеете оргазам, но секојдневните ерекции ги одржуваат артериите и носат крв во пределот

Откажување на уринарната функција. Уринарни проблеми – проблеми со простатата. 20% од мажите започнуваат да имаат проблеми со простатата кога во 40-тите, а 50-60% во 60-тите и 80-90% на 70 или на 80 години. За да избегнете да станете дел од оваа статистика, одржувајте здрава тежина и повеќе време поминувајте во движете. Седењето врши притисок врз простатата. Правете умерени вежби неколку пати во неделата. Лесно трчање или пешачење можат да завршат многу работа. Ако навистина сакате да си помогнете, можете да правите и Кегелови вежби за мажи (слични се со вежбите за трудници). Во исхраната внесете повеќе цинк и селен: месо, јаткасти плодови и семки, житарки, морски плодови, јајца трици, 'ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и печива од интегрално брашно. Пченката и лукот се најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Ем не треба многу да се воздржувате во исхранта ем ќе му помогнете на пријателот. Единствено од што ќе треба да се воздржите е алкохолот. Иако досега илјадапати ви кажал вашиот матичен лекар како сѐ му штети алкохолот на машкото здравје, ќе ве потсетиме уште еднаш – алкохолот го зголемува претворањето на тестостеронот во естроген!

Еректилна дисфункција. Со овој проблем се среќаваат 5% од мажите на 40 години, а 15 проценти на возраст до 70 години. Еректилната дисфункција може да биде резултат на многу причинители, а некои од нив се:

- биолошки: болест, лекување, лоши хигиенски и здравствени навики;

- психички: стрес, депресија;

- врска: недостаток на доверба и интимност со партнерот, емоционален конфликт со партнерот;

- психосексуални вештини: љубовните вештини на партнерот, недостаток на страст меѓу партнерите.

Поради комплексноста на овој проблем, Вијаграта и другите лекови за ерекција не се долготрајно решение. Лоцирање на проблемот може многу да помогне. А некогаш и промена на партнерот.

И збор-два за менопаузата кај мажите

Во последно време во научните кругови гласно се зборува за андропауза - главно за тоа дали навистина постои или не. Во теоријата, хипогонадизам е кога тестисите веќе не произведуваат нормално ниво на тестостерон. Со андропауза кај мажот можат да се јават симптоми кои се нормални за женската менопауза: замор, депресија, ноќно потење и намалена желба за секс. Оваа состојба е болест и се лекува треба да се лекува со тестостеронска терапија. А бидејќи нивото на тестостерон со текот на годините и онака се намалува, задолжително ќе треба да ги смените и животните навики, што би значело здрава исхрана, од 7 до 8 часа сон, една или, најдобро, ниедна чашка алкохол на ден, откажување од пушењето и стрес сведен на минимум.

Па, дури и да немате андропауза, стекнувањето здрави навики нема да ви нашкоди.

И внимавајте: Користењето тестостерон во каква било форма кога нема вистинска потреба, ја намалува способноста на телот да произведува сопствен тестостерон, а тоа сигурно ќе ги убие вашите тестиси и пенисот засекогаш!

Поврзани

Најнови вести

Коментари