Оние кој објавуваат слики на ФБ додека вежбаат

Патат за внимание

Сигурно имате барем еден пријател кои секогаш мора да ги објавува своите фитнес активности.

Научниците од Универзитетот Брунел во Лондо направиле истражување за да откријат зошто луѓето го споделуваат своето секојдневно вежбање на социјалните мрежи, а резултатите не се многу позитивни.

Луѓето кои секогаш мораат да ги споделат своите фитнес активности во основа се нарциси. Според истражувачите, примарната цел на ваквите објави е да се покаже колку инвестират во сопствениот изглед. Истражувањето исто така, открива и дека овие статуси се најмногу „лајкувани" на Фејсбук.

„Нарцисите почесто ги објавуваат своите постигнувања, а ваквите објави во основа се мотивирани од потребата за внимание и валидација од Фејсбук заедницата" - заклучуваат истражувачите.

„Иако нарцисите на овој начин добиваат внимание преку коментарите и лајковите кои ги добиваат, тоа не значи дека нивните пријатели ги поддржуваат и сакаат ваквите егоистични изразувања, туку едноставно така културно им нудат поддршка, а потајно ги презираат." - додава докторката Тара Маршал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари