Ова се работи кои вашиот гинеколог никогаш нема да ви ги каже, а сака!

 Важно за гинекологот е да му кажете дали имате циклус или не, кога ви зема брис за разни тестови.

Одење на гинеколог е непријатна работа, но еднаш годишно е задолжително. На жените често им е непријатно штом ќе легнат на столот, па поради тоа се срамат да прашат што ги интересира.Некогаш и гинеколозите премолчуваат многу работи, а би ви рекле доколку и тие не се срамат. За што се работи?

Не мора да се депилирате

На гинеколозите им е сеедно каква фризура имате таму долу. Дали имате бразилка или бујбујна грмушка за нив тоа е во втор план, бидејќи се фокусират само на здравјето на вагината, а не на изглеот.

Не грижете се поради тоа како мирисате "таму доле"

Хигиената многу важна затоа секогаш одржувајте ја. Спрема едно истражување, гинеколозите на своите пациентки повеќе им замеруваат на неизмиени нозе, а не на вагината. Нозете сепак им се поблиску до нивниот нос.

Не мора да го откажувате прегледот ако сте добиле менструација

Во суштина нема причина прегледот да се одложува поради тоа. Ако тоа не ви е пријатно, поради гинекологот не треба да ви биде. Колку крв тие имаат гледано за време на породување, царски рез... Единствено што е важно на гинекологот да му кажете дали имате циклус или не, кога ви зема брис за разни тестови.

Ниеден детал од вашиот сексуален живот не им е "премногу"

Колку партнери сте имале, дали ви е активен сексуалниот живот и што сакате во кревет, на гинеколозите им е важно како би го тумачеле вашето тело. Колку да знаете не сте ни прва ни последна која има необична и скандалозна приказна, и за нив тоа не е нешто важно нити ве осудува.

Поврзани

Најнови вести

Коментари