Откријте ја тајната на вашиот минат живот, и последиците од тоа

Во секој живот се раѓаме со одредена личност која се состои од елементите на матрицата на нашата душа и како актери ние играме различни улоги, но секогаш во склад со нашиот карактер.
Нашата личност може да се развива само низ самиот живот. Таа напредува или назадува, зависно од тоа како реагира на животните околности во кои се наоѓа. Се што ни се случува во животот, среќните или несреќните настани, само се лекции кои треба да ги совладаме на патот кон совршенството и ослободувањето на душата од поврзаноста за овој свет. Додека желбите се наоѓаат во човекот, не е можно да се избегне повторното раѓање. Желбите се оние што не врзуват за овој свет. Ослободените души доаѓаат на планетата како учители, но неповрзани за овој свет.

Причината за сите проблеми и немири е фактот дека сме ја загубиле власта над своите сетила. Ги пуштаме да дивеат и така престануваме правилно да расудуваме. Лутината, надменоста и другите страсти му даваат на човекот демонски карактер и понекогаш го уништуваат до животинското ниво. Толку сме биле заведени во погрешни акции, и со тоа уште поцврсто се врзуваат со оковите на кармата. Гневот е како дрога, мора да вложиме напор да се ослободиме од него. Затоа е потребно да ја откриете моќта на повисоката интелигенција, длабоко скрена во нас...
Процесот на причини и последици кој се нарекува - карма - понекогаш се прикажува како немилосрдна Божја рака, но човекот самиот создава своја карма или, пак, се ослободува со своите добри дела. Сами со своите дела одлучуваме за својата судбина. Кога ќе дојде времето за раѓање, се одбира посебен вид на тело погоден за одредена душа. Различните видови на хемиски елементи од кои се состои телото, како и начинот на кој тие се комбинираат, претставува остварување на влијанието на планетарните владетели, а раѓањето се случува во моментот кога планетите се наоѓаат во положбата што треба да ја заземат во однос на однапред одредениот план кој го содржи самиот хороскоп. Така планетарните положби се совршена рамка за телото што се раѓа, како и за карактерот, (за тоа е задолжена Месечината) кој ќе го насели за одреден животен период. Положбата на Месечината во време за раѓањето покажува низ искуства од минатите животи, а Сонцето не упатува кон она кон што треба да тежнееме во моментов, а тоа е патот кон освестувањето и достигнувањето на повисокото ниво на свест во сегашниот живот.

... а што вели праксата:
ако сте родени во знакот...

ОВЕН
Во претходните животи сте биле емотивно неодлучни и зависни од другите, така што за вас сега е многу важно во емотивниот живот да преземете иницијатива, да инсистирате на своите потреби и желби за да го пронајдете својот загубен идентитет. Немојте, сепак, да отидете во друга крајност, претерана самостојност што може да премине во егоизам. Упорноста и вербата во себе е она што ви е најпотребно.

БИК
Минатите животи кои се зад вас биле емотивно нестабилни и жестоки. Сте ги запознале понорните страдања, страв и големите страсти. Сегашниот живот ви е даден како можност да се стабилизирате и приземјите. Стабилноста, трајноста и спојот на дела и практика, за вас е сега од неверојатно значење. Време е да му дозволите на своето духовно тело да се манифестира преку работата, за да може да созрее и да научи дека тоа некаде на патот низ минатите животи го има заборавено.

БЛИЗНАЦИ
Проблемите кои сте ги имале во минатите животи произлегле од лошата комуникација со другите луѓе. Овој живот е можност да увидите колку е важно да го кажете она што го чувствувате, да ги исправите пропуштените можности за да остварите емотивно разбирање и склад. Посесивноста, оддалечувањето од другите луѓе и повлекувањето во својот свет сега би требало да ги надминете со новиот модел на емотивен одговор и правилна комуникација.

РАК
Во овој живот учите да бидете приврзани и постојани, и површноста и непостојаноста од минатиот живот сега да ја преобразите во цврстина и поддршка, како кон другите така и кон себе. Без оглед како изгледате однадвор, вашата внатрешна природа е мека, како кај школките. Многубројните лекции од овој живот ве учат правилно да ги сфатите семејните односи, па затоа за вас се многу важни родителите и децата. Но не смеете да заборавите и на себе!

ЛАВ
Во минатите инкарнации сте учеле да сакате непристрасно, да не ги двоите луѓето, но сега мора да научите емотивната енергија и сила да ги насочите кон одредени луѓе и области од животот кои се значајни за вас. Имате речиси детска способност да ја довикувате среќата во ситуациите кога другите ве фалат и кога сте во центарот на вниманието. Но не бидете гневни кога не ви обрнуваат доволно внимание и почит. Вашата лекција во овој живот е самодовербата и себепочитувањето.

ДЕВИЦА
Сегашниот живот ве учи дека имате право на избор на она што ве задоволува, како и дека вистинските емоции се градат постепено, тула по тула. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на себе, и тоа тогаш кога во потполност ќе научите да се прифатите себеси со сите свои мани и предности. Чувството на вина ве следи од минатите животи -ослободете се од него! И понатаму се грижите за другите луѓе, нивната судбина и за тоа како можете да помогнете.

ВАГА
Во минатите животи сте имале проблеми во односите со другите, како и со спротивниот пол, па и во сегашниот живот може да ве следи страв од луѓе (длабоко скриен и потиснат), одбивност кон тимската работа и недоверба. За да ја исправите оваа грешка, животот ќе ви понуди многубројни љубовни партнери и голем круг на пријатели за да научите да развиете хармонија со другите луѓе.

СКОРПИЈА
Добивте огромен емотивен и интуитивен увид во суштината на животот. Интуицијата ви дава чувство на задачи кои се пред вас и патоказ по која патека би требале да одите, како и елемент на предизвик, неопходен за да тргнете по некоја од тие патеки. Ирационалните стравови од минатиот живот се стравови од болка и страдање како и страв од загуба на најмилите, па затоа во овој живот можете да отидете во друга крајност, во посесивност кон блиските пријатели и партнерот, некогаш и несвесно, во желбата да ги задржите само за себе.

СТРЕЛЕЦ
Во сегашниот живот дојдовте за да ги разбиете своите предрасуди и да научите да бидете флексибилни, и во таа новооткриена страна на личноста да ја најдете својата слобода. Разбивањето на сите видови предрасуди и ширење на толеранцијата е нешто што е одредиште на вашиот живот, па и тој ќе ве води во таа насока. Затоа се важни патувањата, запознавањето со различните култури и модели на однесување и верување.

ЈАРЕЦ
Искуствата од минатите животи ве ставаа во конфликт со авторитетите, па во себе го носите стравот дека другите ќе ве контролираат или на некој друг начин ќе ги искористат вашите слабости и привраност кон нив. Во сегашниот живот учете самите да си бидете авторитет и како да бидете одговорни кон своите и туѓите емоции. Овој живот е живот на стабилизација и сознавање на животната вистина да се биде одговорен и дисциплиниран не значи да се бидеи биде ладен и дистанциран.

ВОДОЛИЈА
Ваквата позиција укажува на минати животи во кои имало многу љубомора и посесивност на емотивниот план. Предизвикот на сегашниот живот се состои во одвојувањето од лажните слики - љубомората, посесивноста и стремежот да управувате со она што го сакате. Мора да си дадете слобода и кон себе и кон другите. Вашата задача е да развивате пријателските односи со сите, како и хуманоста, великодушноста и толеранцијата.

РИБИ
Во минатиот живот не умеевте доволно да ги вреднувате вистинските емоции, како што немавте време да им се препуштите. Сегашниот живот преку овој префинет и интуитивен знак ви нуди можност да "загризете до дно" и да научите да се препуштите на емоциите за да се збогатите самите и содржината ва сопствениот живот. Тука сте да научите дека сите сме дел од Едното и со тоа да го довршите циклусот на емотивно отворање кој започнал пред вашиот живот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари