Исповед:

Око немам склопено 33 години!

Фаик Цаноли од Приштина цели триесет и три години се соочува со проблемот со спиењето. Всушност тој не спие од 1981 година, по оперативниот зафат што му бил извршен на ногата.

Фаик Цаноли од Приштина цели триесет и три години се соочува со проблемот со спиењето. Всушност тој не спие од 1981 година, по оперативниот зафат што му бил извршен на ногата.

Се навикнав на оваа ситуација, иако се согласувам дека од време на време станува неподнослива. Постојано барам лек, но, се уште, не сум го нашол, изјави тој за телевизијата Клан Косова.

Телевизијата контактирала десеттина психијатри за да дадат милење околу овој случај, но никој не сакал го коментира, иако се согласиле дека вакво нешто може да се случи.

И пребарувањата на интернет потврдуваат дека ваквите случаи се можни, но се многу ретки во светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари