Видео

Очаен Британец порачал: Ќе свирам на улица додека не ме прими назад!

Скршеното срце го лекува со музика во надеж дека ќе ја врати девојката која му го сменила животот.

Овој Британец со скршено срце решил да си ја врати девојката на необичен начин. Лук Хауард во центарот на Бристол го донел својот клавир и се заколнал дека ќе свири без престан, се додека не си ја врати назад саканата.

Лук (34) почнал да свири во саботата, а овој обид е последниот повторно да го освои срцето на девојката со која се разделиле после четири месеци врска. Окрил дека прекинот потполно го скршил.

"Не сум сигутен како ќе реагира на ова, но сакам уште еднаш да и кажам дека ја сакам. Не се случи ништо грдо меѓу нас, едноставно животот ни се испречи на патот кон љубовната среќа. Да се скаравме или да прекиневме поради некоја конкретна причина немаше да го правам ова", рекол овој Британец и додал дека без неа животот му е пуст.  

Поврзани

Најнови вести

Коментари