Обама: Позирање за портрет е фрустрирачки

Во националната галерија на портрети во Вашингтон беа претставени портретите на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. За време на таа прилика, Обама, пред насобраните во галеријата им рекол дека вообичаено не сака да позира и да брзо станува нестрплив и почнува да гледа во часовникот. И покрај тоа што работата со уметникот Кехинде Вили му претставувало големо уживање, поранешниот претседател на САД, признава дека седењето за време на позирањето за него било фрустрирачко искуство.

Обама рекол дека уметникот внимателно ги слушал неговите сугестии, но и дека поголем дел од нив ги игнорирал. Како што објаснил, побарал косата да му биде помалку смеѓа, но уметникот тоа го одбил, а поранешниот државник признал и дека се обидел да „преговара за помали уши“.

Галеријата има комплетна колекција од претседателски портрети.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари