Никогаш не оставајте жена која ги има овие особини... додека таа не ве остави вас

Ако запознаете жена која е истовремено интелигентна, но по малку будалеста, знае што сака, но не се плаши и да попушти, тогаш не дозволувајте да си замине од вашиот живот.

Отворете очи пред да се покаете и ако ги препознаете овие 10 особини кај вашата партнерка, бидете сигурни дека вреди.

1. Убава е

И не, не мислиме на пропорции 90-60-90, туку на онаа посебна убавина која ја има само во вашите очи.

2. Попаметна е од вас

Тоа не мора да значи дека има повисок коефициент на интелигенција, туку дека генерално ја сметате за интелигентна, мудра и зрела личност, на моменти многу повеќе од самите вие. Факторот на воодушевување е тесно поврзан со љубовта, па затоа ова е важна особина.

3. Има добро срце

Иако звучи како клише, да препознаеш човек со добро срце е многу полесно отколку што ви се чини. Таквата жена е мила, ја боли неправдата нанесена на другите а не само на неа, сака да се грижи и да им угодува на најблиските, постојано се обидува да ги разбере мотивите на другите...

4. По малку е будалеста

Животот понекогаш е тежок, а некогаш монотон и многу предвидлив. Ако во овие вторите моменти успева да ве изненади и насмее, тогаш големи се шансите врската да трае до крајот на животот. Партнерката која не се плаши да биде забавна тогаш и кога работите се тешки е онаа со која секој маж треба да остане.

5. Сака со цело срце

Без разлика дали се работи за вас, родителите, пријателите, миленикот или омилената активност, љубовта и страста треба да и се гледаат во очите.

6. Компромисот не и звучи како страшен поим

Луѓето имаат тенденција да бидат тврдоглави. Ги сакаме работите онакви какви што се и не сакаме да се менуваат. Но, факт е дека кога сте двајца треба да се прилагодувате. Ако гледате дека таа се труди да се прилагоди и не се плаши од било каков компромис, од најситен до најголем, тогаш држете ја цврсто до себе. Денес луѓето знаат да бидат неверојатно себични, па затоа ваквите жени се богатство.

7. Таа ви е синоним за „дома"

Ова е чувство кое не може да се опише со зборови и едноставно мора да го почувствувате. Многу други жени може да ви бидат привлечни, но само покрај една ќе се чувствувате дека сте токму таму каде што припаѓате.

8. Знае што сака

Секој човек мора да има своја енергија која го раздвижува, па жената која знае што сака е вистинско богатство. Тоа значи дека има изградени интереси и веќе оформена личност, а само како таква ќе знае да биде добар партнер.

9. Силна е, но и женствена

Жените со цврсти ставови и мислења се оние кои се почитуваат, а не оние кои „трпат". Онаа вистинската е силна како лавица, но тоа не ја прави помалку дама.

10. Добра пријателка е

Не зборуваме за жена која има 20 пријателки и од секоја бара мислење, туку за жена која има една пријателка која ја нарекува сродна душа. Токму преку овој однос објективно ќе процените како се однесува кон сите луѓе во животот, вклучувајќи ве и вас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари