Мажи читајте внимателно

Негуваните мажи се поуспешни и кај жените и на работа!

Желбата да се изгледа што е можно подобро е во природата на секој човек. Во крајна линија и многу истражувања покажуваат дека попривлечните луѓе се попопуларни кај спротивниот пол. А кога станува збор за мажите негуваните мажи се и поуспешни на деловен план. Еве мал список на навики кои мора да ги прифати секој маж и да му станат начин на живот, за да изгледа и да се чувствува подобро

Активен начин на живот

Спортот треба да е основиот приоритет. За да ја подобрите надворешноста тоа е првиот услов. Почнете да живеете активно. И веднаш ќе се почувствувате полесно и подобро. Уште од зори трчајте или вежбајте. Тоа ќе ви помогне да си го подобрите расположението и да ги согорите непотребните калории.

Шампон не повеќе од еднаш дневно
Најидеално е главата да ја миете два до три пати неделно, бидејќи честото миење со шампон ќе ја исуши косата и кожата на главата и ќе го спречи излачувањето на основните маснотии, а тоа ќе ја направи косата слаба и кревка. Доколку секој ден спортувате и морате да ја миете и косата избегнувајте да ставате шампон секој пат. Во такви случаи можете да направите замена со балсам за коса.

На фризер на три недели
Одржувањето на косата во уредна состојба е исто важен момент, за да сте привлечни. Најдете фризер кој нуди пристојни цени и кој ви е блиску до дома и посетувајте го секоја трета недела, за да ви направи корекции на косата.

Бричете се по туширањето
Секојдневното бричење по туширањето ќе ви помогне да изгледате одлично. Жешкиот туш ја омекнува кожата и влакненцата на брадата и бричењето е полесно во тој случај. Ако немате време за туширање, а мора да се избричите алтернативното решение е да намокрите крпа со жешка вода и да го ставите две до три минути да постои на лицето.

Лицето се чисти и навлажнува секое утро
Внимателно чистете го лицето секое утро со специјални меки средства. А потоа нанесете крем кој навлажнува. Не користете груби абразивни честички кои може да ја истрауматизираат кожата.

Ограничете ги шеќерот и јаглехидратите
Честата употреба на шеќерот и јаглехидратите можат да доведат во ситуација организмот да не може да ги апсорбира целосно. Систематската употреба на шеќер води до презаситување со соли кои почнуваат да се таложат во органите и ткивата кои ги филтрираат. Како резултат на натрупувањето на "шеќерни# соли се развиваат заболувања како артритис, а може да се одрази и на кожата. Секако дека не можете да ги исфрлите целосно, но барем ограничете ги.

Осумчасовен сон
Точно тие осум часа кои се неопходни за сон му служат на организмот, за да успее да ги обнови енергетските резерви и да се подготви за повторното нормално функционирање. Сопирањето на осумчасовниот процес го прави системот помалку ефикасен и непроспиените часови се гледаат на лицето. Неколку часови без сон и не ви бегаат темните кругови околу очите. Затоа не си поткусувајте од сонот. Однапред испланирајте си го работниот ден, за да имате време за се.

Осум чаши вода дневно
Одржувањето на водениот биланс во организмот ви овозможува да го зачувате здравјето, но и да ја намалите појавата на брчки. Пиењето вода треба да биде постепено во текот на целиот ден, за да може да биде апсорбирана. И запомнете дека кафето и алкохолот се стимулатори на жедта, но ја сушат кожата и се причина за појава на брчки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари