Совети кои ќе ви се најдат на почетокот од заедничкото живеење со партнерот

Не се опуштајте премногу и флертувајте и понатаму

Ако сте одлучиле односот со партнерот да го пренесете на посериозно ниво и да започнете заеднички живот пред бракот, имајте на ум дека овој потег носи извесна доза на ризик. Колку и да поминувате време со саканата личност, во полна смиса можете да ја запознаете дури тогаш кога ќе почнете да делите се со неа, а во таа ситуација може да дојде до непријатни изненадувања.

Доколку сакате да спречите проблем и заедничкиот живот да го започнете и продолжите задоволни, потрудете се да се придржувате до следните совети:

Дефинирајте ја ситуацијата

Колку и да ве заморува планирањето не е препорачливо да се вселите пред да дефинирате одредени работи. Пред се, важно е да утврдите што претставува тој чекор за двајцата. Пробајте со здружени сили да пронајдете одговор на следните прашања: Каква обврска е заедничкиот живот? Дали се стремите кон заедничка иднина или, пак, тоа го правите само за да заштедите некој денар? Како ќе им објасните на пријателите и семејството што се случува?

Разговарајте за парите
Основната работа која треба да ја знаете во врска со парите кога станува збор за заеднички живот е дека не треба ни да помислите на одвоени буџети. Во моментот кога ќе се вселите во заедничкиот стан - "моите пари" и "твоите пари" стануваат "нашите пари". Парите се една од главните теми за раздор кај паровите, па многу е важно веднаш на почетокот да го усогласите мислењето за заработувачката и трошењето, поточно дали целата сума ќе ја ставите на едно место или финансиите ќе ги организирате на некој друг начин.

Направете договор
На почетокот од заедничкиот живот разделбата нека ви биде последната работа за која треба да размислувате, но не треба да ја тргнете од глава и таа можност. Ако сакате да бидете сигурни во однос на поделбата на имотот, можеби најдобро би било да направите договор кој ќе содржи детали за прашањата како што се: Кој го добива мебелот? Како ќе бидат распределени преостанатите пари? Луѓето сметаат дека разговорите на оваа тема ја нарушуваат романтиката во врската, но експертите истакнуваат дека можеби токму тие муабети можат да ја зацврстат релацијата, затоа што тоа е сепак тимска работа кога се изнајдуваат решенија.

Поделете ги домашните обврски
Прв совет е да се направи список на обврски и точно да се утврди кој за што е задолжен. Пробајте да запишете се што треба да биде извршено - купување намирници, шетање на кучето, подготвување на ручекот, фрлање на ѓубрето и сл. Освен списокот со обврски, напишете и каков е вашиот став за секоја обврска - дали наведената обврска сакате да ја работите, ја мразите или пак ви е сеедно. На тој начин полесно ќе ја определите одговорноста.

Резервирајте малку време и за себе

Пријателите и членовите на семејството на личноста која од недамна почнала да живее заедно со вас често изјавуваат како се чувствуваат запоставено и како во последно време поминуваат малку време со тие личности - значително помалку отколку кога заљубените живееле одвоено. Немојте да дозволите тоа да ви се случи. Секој ден резервирајте си време кое ќе го поминете без партнерот - одете на кафе со пријателите, читајте книга или одете на шопинг. Тоа е еден од најдобрите начини да се одржи динамиката во врската.

Контролирајте ги караниците
Празното пакување на млекото оставено во фрижидерот или неизмиентите садови можат да бидат доволен повод за караница, посебно ако станува збор за личности кои се вратиле изморени од работа. Караниците се вообичаен дел од секојдневието, но немојте да дозволите да ве извади од контрола. Ако забележите дека еден од вас претерал, побарајте пауза од неколку минути - ова може е тешко да се постигне, но ако успеете ќе видите дека е многу полесно да се најде решение кога се размислува со "ладна глава".

Флертувајте
Откако партерот ќе ве запознае во сите можни изданија, вклучувајќи го и она кога имате настинка или не сте стигнале да ја измиете косата, тешко е да се одржи заводливата атмосфера, која постоела кога сте живееле одвоено. Во ред е да се опуштите пред саканата личност, но немојте ни да претерувате. Тоа што партнерот ве видел неколку пати без шминка не значи дека треба потполно да престанете да ја користите, а тоа што навикнал да ве гледа во собни влечки не значи дека треба и да се откажете од високите потпетици. Потрудете се да флертувате со партнерот, исто како и при првите средби и имајте предвид дека физичкиот контакт е најдобар начин да се внесе возбудливост во заедничкиот живот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари