Фитнес блогерка ја шокираше јавноста:

Не се бричам веќе една година, природната убавина е најважна!

Фитнес блогерката Морган Микенас, со своите седум илјади следбеници на Инстаграм споделила фотографија од своите влакнести нозе и пазуви, со надеж дека ќе ги поттикне да се вратат малку со размислувањето дека природната убавина е најважна...

Фитнес блогерката Морган Микенас, со своите седум илјади следбеници на Инстаграм споделила фотографија од своите влакнести нозе и пазуви, со надеж дека ќе ги поттикне да се вратат малку со размислувањето дека природната убавина е најважна...

Во меѓувреме, фотографиите завршиле на насловните страници на повеќето странски медиуми.

Морган на својот Инстаграм профил најчесто објавува фотографии од своето тело откако започнала да се занимава со бодибилдинг. Како што раскажува, кога имала 11 или 12 години на часот по физичко другите девојчиња и' се потсмевале бидејќи имала влакна на нозете, по што избегала дома и ја прашала мајка си да ја научи како да си ги бричи нозете.

После години и години на бричење, минатата година одлучила да го фрли бричот, а од почетокот на 2016-та година не ги избричила ниту нозете ниту пазувите.

Во видеото кое го објавила на Јутјуб, објаснува зошто одлучила дека не и' треба ниту депилација ниту бричење.

Постојат повеќе причини зошто ја донесов оваа одлука, но дефинитивно победува фактот дека ми одземаше премногу време. Предолго е туширањето ако треба да ја миеш косата, телото, да се избричиш... едноставно еден ден одлучив дека не можам да го правам тоа веќе. Кога ми пораснаа влакната сфатив дека се всушнбост многу пријатни, меки. Кога се бричите, влакната ви растат кратки и боцкави, па тоа е само уште една причина зошто не се бричам", објаснила Морган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари