Одвратен тренд што кружи по светот

"Навлечи ја свињата" - дали е можно дека некој си игра олку сурово?!

Оваа игра е нов бизарен тренд, а најновата жртва е Софи

Кутрата девојка допатувала во Амстердам за со момчето да помине романтичен викенд, но веднаш по пристигнувањето добила порака во која тој и напишал дека била предмет на морбидна шега наречена "pull a pig". Играта всушност е бизарен тренд, во кој група момци се натпреварува кој ќе заведе, а потоа ќе ја отфрли најнепривлечната девојка. Победник е оној кој ќе ја привлече "најгрдата". 

Софи Стивенсон била очајна кога ја добила суровата порака од Џеси Мајтмен од Холандија. Имено, веднаш по доаѓањето во Амстердам добила известување дека е "оставена", на што таа му одговорила: "Како можеш да бидеш толку суров?"

Двојката се запознала во Барселона во август, кога преживеале терористички напад. А Софи сега поминала 805 километри, за кога дошла во Холандија да открие дека е брутално отфрлена. 

"Сите мои пријатели и семејството не можат да веруваат дека некој може да биде толку суров", напишала таа и додала: "Отидов во Барселона со пријателката еден ден пред нападот. Бевме близу до местото на нападот. Тој ден имавме среќа што застанавме да купиме храна и пијалак, а нападот се случи додека седевме на тераса. Беше страшно. Хотелот беше заклучен и ништо не работеше цел ден. Останавме внатре и тогаш го запознавме Џеси и тројца негови пријатели. Таму бевме четири дена и се чувствувавме сигурни додека бевме со ниб. Тоа беше еден вид романтичен одмор за мене и Џеси. Споевме во Барселона, а кога се вратив во Велика Британија секојдневно се слушавме."

Двојката набрзо испланирала тридневна посета. Џеси постојано и пишувал се до нејзиното пристигнување во Амстердам кога ги игнорирал нејзините повици.

"Знаеше дека доаѓам, дека резервирав карта и хотел. Зборувавме пред да се качам во авион, но не ме пречека. Го побарав, но не одговори на моите повици. На аеродромот чекав два часа, а потоа почнав да паничам", рекла Софи и открила дека дури после шест часа добила порака на Снепчат од него. 

Била очајна зашто била во туѓа земја, а момчето кое и се допаѓало ја напуштило. Кога го прашала како може да е толку суров, ја блокирал. Софи после се решила да ја раскаже својата приказна со цел да ги предупреди луѓето зашто вакво нешто може да му се случи секому. 

  

Поврзани

Најнови вести

Коментари