Минале низ пекол поради нивната мајка монструм

Натали Фин едната ќерка ја убила со изгладнување, а другата ја донела до работ на смртта

Во саботата биле објавени фотографии кои го покажуваат безживотното тело на 16-годишната Натали, која од својата мајка Никол Фин била изгладнета до смрт.

На фотографиите се гледа телото на Натали прекриено со крв и рани. 43-годишната Никол Фин била осудена во декември поради смртта на Натали, а денес и е изречена казна од три врзани доживотни робии.

Фин требало да води грижа за пет деца, но таа наместо тоа ги затворала и ги изгладнувала. Децата ги држела во валкана соба без мебел и понекогаш со месеци не им давала храна, ниту пристап до бања.

Една од фотографиите прикажува и порака која едно од децата ја напишало: "Не можам да отворам прозор, мама го заковала".

Никол Фин е прогласена за виновна за првостепено убиство на Натали, како и за затворање и изгладнување на нејзините браќа и сестри.

Таа рекла дека ќе се жали на пресудата, но не прокоментирала ништо друго. Натали Фин одвај имала 35 килограми кога умрела во октомври 2016. година.

Таа била пронајдена на под во валкана соба, со пелена за возрасни на себе, а била толку слаба што немала ни масти ни мускулна маса.

Експертите на судењето рекле дека и нејзината 14-годишна сестра Микела и 15-годишниот брат Џејден, исто така биле блиску до тоа да умрат од глад и со месеци се опоравувале. Микела рекла дека понекогаш морала да пие вода од тоалет бидејќи била жедна, а нејзината мајка не им давала редовно вода за пиење.

Децата често се обидувале да побегнат низ прозор или да ги молат соседите за храна, по што Никол и нејзиниот тогашен сопруг решиле да ги заковаат прозорите.

Судијката Карен Романо рекла дека однесувањето Никол Фин не може да се оправда и и забранила контакт со останатите деца. Обвинителите рекле дека Никол повеќе била загрижена за своите домашни миленици, отколку за децата.

Нејзиниот поранешен сопруг Џо се изјаснил како невин по обвинението за киднапирање, занемарување и загрозување на деца. Тој не живеел со остатокот од семејството кога Натали умрела. Неговото судење ќе почне на 30. април.

Поврзани

Најнови вести

Коментари