Направете сами: печка која го грее целиот дом, а ќе ве чини не повеќе од 100 евра!

 Ручек може да се зготви со само една корпичка суви гранки!

Ѕвонко и Ивана Ракариќ од селото Раковац близу Нови Сад, самите направиле печка на која го греат својот дом, т.н. „ракетна печка"! Направена е од цигли, песок, глина и земја, а ги чинела помалку од 100 евра. Печката изгледа како оние од празничните честитки. На оваа печка може да се седи, да се готви, да се загрее домот!

Ивана е дипломиран архитектонски инженер и се занимава со истражување на природни начини за градење. Нејзиниот сопруг, Ѕвонко, е машински инженер и доктор по технички науки. Тие со своите две деца, Никола и Емилија живеат во селото Раковац, во близината на Фрушка Гора, на само 13 километри од Нови Сад.

Ѕвонко вели дека ракетните печки, се всушност уред за заштеда на гориво, а името го имаат добиено во 70-тите години кога се развивала ракетната технологија. Меѓутоа, принципот на функционирање е познат илјадници години! Причината поради која овој вид на печки не бил развиван до сега е масовното користење на печки на природен гас, струја или нафта. Овој вид на печки името го добил по своето ложиште, „ракетниот лакт" кој изгледа потполно различно од другите видови на печки. Тој се прави така што ќе биде потполно изолиран од околината. Тој е во форма на тесна и околу еден метар долга цевка која се прекршувва во вид на лакт. Овој начин на ложење овозможува максимално искористување на горивото, со оглед на тоа што во него се развива значително повисока температура отколку во обичните ложишта.

Од друга страна пак, ваквиот вид на ложиште може да ја пренесе својата топлина и на импровизираната клупа под која се собира топлина. Ефектот на овој вид на ложење е еднаков на ефектот кој го постигнува оџак висок 30 метри!

„Нашата печка има три главни елементи: плотна сместена веднаш над ложиштето, елемент за брзо загревање, кој популарно се нарекува „штедиша" и клупа за седење која претставува термоакумулациона батерија. На плотната лесно се постигнува температура еквивалентна на „тројка" на електричен шпорет", вели Ивана Ракариќ.

Семејството Ракариќ печката ја направиле на почетокот на оваа грејна сезона, а ја користат за загревање на кујната, дневната соба, претсобјето и купатилото, што се вкупно околу 40 квадратни метри. На почетокот за огрев користеле исклучиво суви гранчиња од сопствениот двор кој инаку би ги фрлиле.

„Само една корпичка суви гранки е доволна да се направи ручек, а топлината се акумулира во „батеријата" и потоа грее со часови", вели Ивана. Таа тврди дека претхдно кога користеле обична печка, морале да ложат и навечер, сега масата на печката која изнесува околу 3 тони нуди доволно топлина преку целата ноќ иако престануваат со ложење околу 21 часот. Утринската температура на куќата која не е термоизолирана изнесува 18 степени, дури иако со ложење е престанато 10 часа претходно.

Цената на печката главно отпаѓа на материјалите со кои е направена. Најголемиот дел од печката може да биде железен, но и од цигли, глина и други материјали кои се лесно достапни и евтини. Најниската цена, доколку решите сами да ја направите оваа печка би ве чинела околу 6 000 денари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари