Хороскопот и верноста

Најневерни се жените овен, близнаци и риби

Еве кои се трите најневерни дами според хороскопот:

Овен

Жената овен ретко останува верна, освен ако некој партнер навистина не ја освои целосно. Без разлика колку е заљубена, во нејзиното срце секогаш има место за некое „парче" од страна. Од една страна, таа не може да функционира ако не е заљубена, а од друга, секој љубовник брзо ѝ здосадува. Љуби страсно и секој ден го живее како да ѝ е последен. Тоа воедно е и нејзино животно мото. Оваа жена е машка жена т.е. таа е роден ловец. Флертување и бакнување е она во што е најдобра. Тоа ѝ доаѓа како некакво хоби. Кога мажот ќе падне пред нејзините колена, таа едноставно го гази и продолжува со потрагата по поголем предизвик затоа што во душата е голем авантурист.

Близнаци

За неа секс-авантурите се начин на живот. Неверојатно е со која леснотија оваа „мачка" скока од маж на маж, без притоа да се умори. Претпладне се препушта на дивите страсти со мистериозен странец, а попладне бара топло рамо и утеха кај својот маж. И во сето тоа таа се дава себеси потполно. Таа има најмалку две лица и две души, па зошто тогаш не би имала и два типа... или повеќе?! Еден за груба игра, друг за нежно водење љубов, трет за разговор, четврт кој мисли дека ја има најсмирената жена во светот... и сите се среќни. Никој досега не дознал колку љубвовници имала жената близнак, а, веројатно, и никогаш нема да се дознае.

Риби

Оваа жена е вистинска робинка на љубовта. За неа, сексот е повеќе од физичко искуство, тоа е вид на медитација и екстаза измешано во едно. Секогаш му го дава целото срце и секој дел од телото на мажот. Кај неа нема забранети зони, сѐ што е пред очи смее да се проба. Меѓутоа, нејзиното срце е превртливо и за миг, исто онака како што се запалила, умее потполно да се олади. Тогаш веќе со крајчето од окото мерка друга можност и на неа се препушта како да ѝ е прв пат и како пред него никогаш да не љубела. Таа не знае што е граѓански морал и не ги разбира сексуалните ограничувања кои друштвото ѝ ги поставува. Од сите неверници, рибата е најискрена во своите грешки. Таа е љубопитно дете во тело на божица на сладострастие. Затоа не ги разбира сите тие забрани. Сите нејзини врски и поврзаности се длабоко страсни, комплицирани и неверојатно искрени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари