РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ:

На Фејсбук кружи нови опасна игра во која жртви се деца

Загрижувачка игра насловена „Предизвик 48 часа" кружи на социјалната мрежа Фејсбук и ги наведува децата да бегаат од дома и да исчезнат на период од два дена.

Децата кои исчезнуваат во новата игра добиваат бодови за секоја објава за исчезнувањето на социјалната мрежа, пишува Индепендент.

Како што се наведува, оваа опасна игра е копија на „Предизвик 72 часа" која кружеше во Западна Европа пред неколку години.

Една мајка од Ирска изјавила за локален медиум дека нејзиното семејство доживело неизречива нервоза поради болното натпреварување.

Нејзиното дете заедно со уште неколку побегнале и биле најдени дури по 55 часа.

-Имав претстава дека се мртви, дека некој ќе ги силува, убие или продаде во бело робје... Но децата мислат дека тоа е смешно. Не видов ниту трошка каење на нив, дури и се фотографираа во полициското возило и објавуваа селфиња на социјалните мрежи, вели мајката.

Индепендент потсетува дека социјалните мрежи, посебно Фејсбук е погодно тло за ширење „глупваи трендови и предизвици". Како пример е наведен и предизвикот со цимет, кога деца и возрасни се обидуваа да изедат поголема количина цимет во прав, а потоа неконтролирано кашлаат. Многу тоа го сметаат за забавно, игнорирајќи ги предупредувањата на лекарите дека може да дојде до гушење.

Поврзани

Најнови вести

Коментари