Имала добар мотив

Мажот и неговата швалерка и се потсмевале зашто е дебела, па симнала 40 кг!

За човек да симне пет килограми треба да биде упорен, а за да ослабе 40 треба да има невидена мотивација... Која, неверојатно, но вистинито, може да ја собере и во една СМС порака...

Бетси Ајала од Хјустон, Тексас, пред три години станала мајка и откако ја родила ќеркичката се здебелила, а нејзината тежина дошла до неверојатни 100 кг. 

Но дебелината е минато, зашто таа денес има 60.

А што всушност било инспирација за нејзината метаморфоза?

Откритието дека маж и се допишува со друга жена ја уништило, а особено фактот дека тема на муабет меѓудругото била и нејзината тежина.

Најпрво била лута, а потоа болката и станала инспирација да се издигне над она што го сторил таткото на нејзината ќерка. Нашла начин да ослабе!

Тоа не го сторив за да го вратам. Во почетокот и тоа ми помина низ глава, но се всушност сторив заради себе и ќерка ми", рекла Бетси. 

Без разлика на мотивацијата, оваа 34-годишна жена сега изгледа одлично, а разликата е очигледно. Детали за неверникот нема.

Поврзани

Најнови вести

Коментари